30дек.
2020
Локалната самоуправа е темел на модерната демократија. Не случајно се вели дека нема демократски политички систем без развиена локална самоуправа и локална демократија, оти демократијата извира од локусот во кој...
12 ноември 2020
Што се тоа отворени податоци? Врз кои принципи се засноваат отворените податоци? Каква е законската рамка? Кои се придобивките од отворените податоци? Кои се препораките за отворање на податоците во...
Што се тоа отворени податоци? Врз кои принципи се засноваат отворените податоци? Каква е законската рамка? Кои се придобивките од отворените податоци? Кои се препораките за отворање на податоците во институциите?
Одговорите на овие прашања можете да ги пронајдете во краткиот флаер подготвен од Фондација Метаморфозис во рамки на Проектот за граѓанско учество.
5 ноември 2020
Што е добро владеење? Зошто е важно доброто владеење? Кои се петте клучни карактеристики на доброто владеење?
Одговорите на овие прашања можете да ги најдете во публикацијата подготвена од Фондација...
Што е добро владеење? Зошто е важно доброто владеење? Кои се петте клучни карактеристики на доброто владеење?
Одговорите на овие прашања можете да ги најдете во публикацијата подготвена од Фондација Метаморфозис во рамки на Проектот за граѓанско учество.
5 ноември 2020
Што е "Отворен град"?
За да можат граѓаните да ги почувствуваат придобивките од отворените податоци, градовите во денешно време треба да прават многу повеќе од единствено отворање на своите податоци....
Што е "Отворен град"?
За да можат граѓаните да ги почувствуваат придобивките од отворените податоци, градовите во денешно време треба да прават многу повеќе од единствено отворање на своите податоци. Градските власти треба заеднички да работат со граѓаните и да ги користат отворените податоци за решавање на локалните проблеми и предизвици.
Во последните дваесет години во нашата држава значително се зголемува улогата на граѓанските организации во процесот на развој на демократското општество, унапредувањето на нивото на демократија и квалитетот на животот на локално и национално ниво. Нивната успешност во реализирањето на овие цели во голема мера зависи од соработката со локалните власти и поддршката што ја добиваат од нив.
Граѓанскиот сектор, покрај јавниот и деловниот сектор, претставува важен партнер на локалната самоуправа во креирање и реализирање иницијативи за подобар живот на граѓаните. Токму улогата на граѓанските организации е да ја застапува својата целна група (граѓаните) и нивните потреби пред локалната самоуправа. Еден од клучните процеси во работењето на локалната самоуправа е програмирањето на финансиските средства кои треба да бидат искористени за решавање на клучните предизвици на граѓаните. Во рамките на тој процес,граѓанските организации треба да играат поголема улога. Градот Скопје вложува напори за зголемена поддршка на граѓаните преку здруженија на граѓани, фондации, кои се мост кон локалното население. Токму затоа, оваа Стратегија претставува двонасочен канал за комуникација на Градот со граѓанските организации.
Улогата на граѓанинот е фундаментална за континуирано подобрување на перформансите на демократските институции, особено за вистинскиот опстанок на демократијата. Во последниве години, видовме бројни примери на движења водени од луѓе на сите континенти. Во огромното мнозинство на случаи, граѓаните не протестираат против демократијата, туку тие бараат поголема демократија и демократија со повисок квалитет.Обидите за градење демократија и оригинална социјална трансформација бараат институционализирани механизми за зафаќање и структурирање на перспективите на граѓаните, аспирациите и визиите на нивните демократии. Проценките предводени од граѓаните го овозможуваат ова.
Форумот во заедницата е алатка за вклучување на граѓаните во процесот на донесување одлуки на општинско ниво што започна да се применува во 2006 година во Република Македонија, по иницијатива на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC). Овој процес се одвиваше паралелно со процесот на децентрализација во државата, којшто во 2005 година доби реална димензија со почетокот на спроведување на фискалната децентрализација што овозможи законите коишто беа донесени во претходните години да почнат да се ефектуираат. Програмата, во текот на 10 години, имаше повеќе фази, а 59 општини спроведоа 111 форумски процеси со неколку типови на форуми – проектен, меѓуопштински и буџетски.
Во ова издание дополнително се осврнуваме на улогата на Советот на единицата на локалната власт, односно на активностите и надлежностите што ги извршуваат општинските советници.Прирачникот има...
Денес, Советот на европски општини и региони (ЦЕМР) е најшироката организација што ги претставува Европските локални и регионални влади. Нејзините членови се 54 национални здруженија на општини и...