Здружение центар за лековити билки и шумски плодови АМБРОЗИЈА го споведуваше проектот „Заедно за развој на општината“ 1 година на територија на Општина Пехчево. Здружението центар за лековити билки и шумски плодови АМБРОЗИЈА го креираше овој проект со цел да се зголеми учеството на јавноста во креирање на политики во Општина Пехчево.
За целите проектот, како и за самото спроведување, предизвици и добри практики разговаравме со Јасминка Пашалиска-Андоновска, проектен координатор при Здружение центар за лековити билки и шумски плодови АМБРОЗИЈА.