Локална демократија

Once Upon a Time...

Search
× Search
en-USmk-MKsq-AL
Language


Публикации од проектот

Европеизација на локалните средини 13фев.
2019

Европеизација на локалните средини

Европеизација на локалните средини – извештај од меѓународната конференција "Европска интеграција низ перспективата на соработка меѓу граѓанските здруженија и локалните власти"
Форум: Партнерството е клучно за локалната демократија:...

Форум: Партнерството е клучно за локалната демократија:...

7 јуни 2019
Форумот „Партнерството е клучно за локалната демократија: Нови начини на соработка помеѓу локалните власти и граѓанскиот сектор“ организиран од страна на Европска асоцијација за локална демократија...

Форумот „Партнерството е клучно за локалната демократија: Нови начини на соработка помеѓу локалните власти и граѓанскиот сектор“ организиран од страна на Европска асоцијација за локална демократија – АЛДА Скопје ќе се одвива на 11 и 12 јуни 2019 година во хотел „Бест Вестерн“ во Скопје.

Заклучоци и препораки : Партнерството е клучно за...

Заклучоци и препораки : Партнерството е клучно за...

25 септември 2019
Пристигнаа заклучоците и препораките кои призлегоа од Форумот „Партнерството е клучно за локалната демократија: Нови начини на соработка помеѓу локалните власти и граѓанскиот сектор“. 

Пристигнаа заклучоците и препораките кои призлегоа од Форумот „Партнерството е клучно за локалната демократија: Нови начини на соработка помеѓу локалните власти и граѓанскиот сектор“. 

Публикација “Истражување на финансиската и нефинансиската поддршка на граѓанските организации од локалните власти”
28 февруари 2020

Публикација “Истражување на финансиската и нефинансиската поддршка на граѓанските организации од локалните власти”

На кој начин општините ги поддржуваат граѓанските организации? Дали соработката помеѓу локалната самоуправа и граѓанскиот сектор е подобрена? Кои општини јавно објавиле повик за проекти? Публикацијата “Истражување на финансиската и нефинансиската поддршка на граѓанските организации од локалните власти” ги содржи одговорите на овие прашања и многу повеќе. 

Истражувањето има за цел да прикаже корисни и применливи препораки за транспарентност за финансиска и нефинансиска поддршка од локалните власти до граѓанските организации.

Оваа публикација ги содржи најчестите практики на поддршка на локалните власти кон граѓанските организации, како и транспарентноста на финансиската поддршка и усогласеноста на приоритети со потребите на граѓаните.

Публикацијата издадена на македонски, албански и англиски можете да ја пронајдете подолу.

Публикација за доделени грантови "Граѓанските организации во служба на локалната демократија"
28 февруари 2020

Публикација за доделени грантови "Граѓанските организации во служба на локалната демократија"

Со цел да се зајакне влијанието на граѓанските организации во креирањето на јавните политики на локално ниво, со овој тригодишен проект беа опфатени низа активности за да ја поддржат соработката помеѓу граѓанските организации и локалните власти, но и да придонесат кон создавањето на соодветни финансиски можности за мали организации. Следствено на ова, дел од активностите беа фокусирани на јакнење на капацитетите преку спроведување на тематски обуки наменети за здруженија на граѓани и локалните самоуправи, притоа земајќи ја во предвид еднаквата регионална распределеност. 

Соработка помеѓу локалните власти и граѓанското општество во Република Македонија
28 февруари 2020

Соработка помеѓу локалните власти и граѓанското општество во Република Македонија

Главната цел на студијата е увид во механизмите за меѓусекторска соработка и дијалошки механизми на локално ниво и на таа основа да се донесат серија препораки за понатамошен развој на методологијата и транспарентен систем за финансиска и нефинансиска поддршка за граѓанските организации, на локално ниво. Ефективните, функционални и одржливи механизми за соработка се клучен предуслов за создавање на овозможувачка околина за активно учество на граѓанското општество и граѓанскиот активизам на локално ниво.

Овозможувачката околина за граѓанското општество опфаќа различни политички мерки, законодавна и институционална рамка и неговата суштина е да има влијание врз подигнувањето на свеста за активно граѓанство, конструктивен и отворен дијалог и учество во донесување одлуки, кое што контекстуално влијае врз организациските капацитети и зголемен легитимитет на граѓанското општество. 

Студијата дава увид во дел од политичките мерки започнати од страна на владата, како и голем број иницијативи од страна на локалните власти и граѓанското општество во Република Северна Македонија, со цел да се обезбеди овозмувачка околина за подобрено граѓанско учество и учество на граѓанските организации во реформите на патот кон процесот на преговори за пристапување во ЕУ.

Завршна публикација на проектот "Граѓанските организации во служба на локалната демократија"
28 февруари 2020

Завршна публикација на проектот "Граѓанските организации во служба на локалната демократија"

Со цел да го зајакне влијанието на граѓанските организации во креирањето на јавните политики на локално ниво, со овој тригодишен проектот беа опфатени низа активности за да ја поддржат соработката помеѓу граѓанските организации и локалните власти, но и да придонесат кон создавањето на соодветни финансиски можности за мали организации. На ваков начин би се зајакнала улогата на граѓанското општество како клучен фактор во процесот на ЕУ интеграција. 

Предлог - методологија за доделување на средства од...

Предлог - методологија за доделување на средства од...

Во последните дваесет години во нашата држава значително се зголемува улогата на граѓанските организации во процесот на развој на демократското општество, унапредувањето на нивото на демократија и...

E-информатор

Следете ги новостите во рамките на проектот или претплатете се на е-информаторот и сите информации ќе ги добивате на вашата е-адреса

ФинансирајГО

Истражување за финансиската и нефинансиската поддршка на граѓанските организации од локалните власти
   

 

 

Оваа интернет-страница е направена со финансиска поддршка од Европската унија. Содржината на интернет-страницата во целост е одговорност на партнерите и не секогаш ги одразува погледите и ставовите на Европската унија.

Terms Of UsePrivacy StatementCopyright 2024 by Softage
Back To Top