Состојбата со партиципативната демократија во неколку општини на Југозападниот регион поточно во општините Маврово и Ростуше, Центар Жупа и Дебар во последите години е на многу ниско ниво. Споменатите општини спаѓаат во групата на мали општини, посебно двете рурални општини Маврово - Ростуше и Центар Жупа кои се печалбарски општини со голем број на села и познати по начинот на негување на старите традиции, каде повеќето од семејствата се нецелосни бидејќи поголемиот дел од мажите се наоѓаат на привремена работа во западните Европски земји во потрага за обезбедување на семејната егзистенција. Печалбарите од овие општини иако се одалечени од своите домови тие редовно учествуваат и помагаат во реализирање на низа инфраструктурни и други проекти за унапредување на животот во нивните родни места.
Име на организацијата: Центар за одржлив развој Дебар
Име на проектот: Активирај се – Одлучувај каде општината ќе ги троши твоите пари
Година на издавање: 2019