Проектот насловен како „Добро владеење на општинската демократија и граѓанското учество на ниво на локална самоуправа“ содржи активности кои се насочени кон иницирање општествени промени на локално ниво во РМ, во насока на доследно практикување на демократските вредности и непречено учество на граѓаните во одлучувањето на локално ниво. Со истражување на состојбите во 8 избрани општини во РМ од аспект на: нивното управувањето со јавните финансии, фискалната транспарентност, контролата и ревизијата на трошењето на јавните пари, преземените реформски активности и иницијативи од граѓаните во последните 3 години, ќе се добијат информации за видот и квантумот на преземени активности на локално ниво по иницијатива на граѓаните.
Издавач: Здружение на финансиски работници во Единиците на локалната самоуправа и јавните претпријатија
Автор: Борче Треновски, Марина Трпеска, Томе Неновски, Максим Ацевски, Љупче Андреевски, Гордана Несторовска, Аријан Тоска, Наташа Амдију
Година на издавање: 2018