Европската асоцијација за локална демократија - АЛДА во 2021 година ја доби акредитацијата од Советот на Европа за спроведување на проектот „Европска ознака за извонредност на управувањето ( ELoGE ) во Северна Македонија“.
Проектот „Европска ознака за извонредност на управувањето ( ELoGE ) во Северна Македонија“ има за цел да ги подржи единиците на локалната самоуправа да ги подобрат своите стандарди и да обезбедат висококвалитетни услуги во рамките на локалната самоуправа.
Во процесот на аплицирање за ознаката ELoGE, единиците за локална самоуправа спроведуваат самооценување, анкети помеѓу граѓаните, вработените и советниците, и собираат документација што овозможува да се провери дали самооценувањето е оправдано.
Единиците на локална самоуправа кои одлучуваат да бидат дел од програмата спроведуваат активности за самоевалуација на квалитетот од воспоставените јавни услуги. Ова значи дека тие ставаат посебен акцент на подигнување на стандардите на нивната работа во областите кои се предмет на самооценување.
Ова подразбира дека секоја вклучена едниница на локална самоуправа ја мери и проверува усогласеноста со 12 Начела за добро демократско управување на Советот на Европа.
Проектот започна во април 2021 и ќе трае до ноември 2022.
Повеќе информации ќе пронајдете следниов линк.