Локална демократија

Once Upon a Time...

Search
× Search
en-USmk-MK
Language

Проекти

Граѓанските организации во служба на локалната демократија

Граѓанските организации во служба на локалната демократија

Проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“ е осмислен да го зајакне влијанието на организациите од цивилниот сектор на јавните политики на локално ниво во Северна Македонија. Активностите треба да придонесат за воспоставувањето на соработка помеѓу граѓанските организации и локалните власти, како и креирањето на позитивен финансиски амбиент за граѓанските организации. Со спроведувањето на проектните активности ќе ја зајакне улогата на граѓанското општество како клучен фактор за ЕУ интеграциските процеси. Проектот предвидува комбинација на меѓусебно поврзани активности, дизајнирани да ги исполнат следните проектни цели: градење на капацитети, активности за истражување и поддршка, ре-грантирање, вмрежување и подигнувањето на свесност.

Со цел создавање одржливо влијание, проектот опфаќа повеќе фактори: 1) граѓански организации; 2) локални власти со избалансирана географска и демографска застапеност и 3) Центри за регионален развој како едни од факторите на развој на локално и регионално ниво.

Проектот е спроведен од конзорциум на партнери со добра комбинација на вештини, знаење и искуство за темите за кои станува збор:

  • АЛДА Скопје (водечка организација) како подружница на на европска асоцијација која имплементира активности од областа на локалната демократија во Северна Македонија;
  •  Здружение на финансиските работници на локалните самоуправи и јавните претпријатија - ЗФР (партнери), професионална организација со продлабочено познавање на општинските финансии;
  • Европското движење во Република Северна Македонија - (партнери), граѓанско движење со голем потенцијал за мобилизација и
  • АЛДА (афилијативен партнер), европска мрежа со повеќе од 300 членки низ Европа со 20 годишно искуство на работа на Балканот. 
Print
Categories: Проекти
Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x

Барај

Категории

ФинансирајГО

Истражување за финансиската и нефинансиската поддршка на граѓанските организации од локалните власти
   

 

 

Оваа интернет-страница е направена со финансиска поддршка од Европската унија. Содржината на интернет-страницата во целост е одговорност на партнерите и не секогаш ги одразува погледите и ставовите на Европската унија.

Terms Of UsePrivacy StatementCopyright 2022 by Softage
Back To Top