13јун.
2023
31 декември 2019
Иницијатива за реформи на локалната самоуправа и јавните служби (LGI), како една од програмите на Институтот отворено општество (ОСИ), е меѓународна организација за развој и давање грантови, посветена на поддршката...
Иницијатива за реформи на локалната самоуправа и јавните служби (LGI), како една од програмите на Институтот отворено општество (ОСИ), е меѓународна организација за развој и давање грантови, посветена на поддршката на добро управување во земјите од Централна и Источна Европа (ЦИЕ) и Ново независните држави (НИС). Иницијатива за реформи на локалната самоуправа и јавните служби се обидува да ја исполни своjата мисија преку иницирање на истражување и поддршка на развојни и оперативни активности од областа на децентрализацијата, формирањето на јавната политика и реформата на јавната администрација.
27 декември 2019
Овој документ се заснова на работата извршена во последните пет години од страна на нашите 350 членови, локално и регионално избрани претставници. Ние работиме заедно низ целиот регион и градови во Европа за да се...
Овој документ се заснова на работата извршена во последните пет години од страна на нашите 350 членови, локално и регионално избрани претставници. Ние работиме заедно низ целиот регион и градови во Европа за да се осигураме дека ќе се слушнат гласовите на нашите заедници. Нашата цел е да ја зајакнеме Европската унија преку вклучување на регионалните и локалните власти во процесот на одлучување на ЕУ, тесно соработување со сите нивоа на власт и директно со граѓаните преку постојан дијалог. Ние сакаме локално да ги прицврстуваме политиките на ЕУ и да бидеме сигурни дека тие соодветно се снабдени.
27 декември 2019
Спектакуларно напредување на локалната и регионалната демократија беше главна иновација на демократијата од 20 век. Признавањето на локалната демократија од земјите членки на Советот на Европа доведе до изработка на...
Спектакуларно напредување на локалната и регионалната демократија беше главна иновација на демократијата од 20 век. Признавањето на локалната демократија од земјите членки на Советот на Европа доведе до изработка на Европската повелба за локална самоуправа - првиот меѓународно обврзувачки договор со кој се гарантираат правата на заедниците и нивните избрани органи. Овој текст, кој ја потврдува улогата на заедниците како прво ниво за практикување демократија има за цел да стане пример за меѓународен договор во оваа област.
Сметајќи дека целта на Советот на Европа е да се постигне поголемо единство меѓу нејзините членки со цел да се зачуваат и реализираат идеалите и принципите што се нивното заедничко наследство; Имајќи предвид дека еден од методите со кои треба да се постигне оваа цел е преку договори од областа на администрацијата;