Претставниците од партнерските организации во рамките на проектот „Граќанските организации во служба на локалната демократија“ се сретнаа на 19 септември 2018 година во канцеларијата на АЛДА во Скопје со цел да ги испланираат следните активности на проектот.
Претставниците од сите партнерски организации од конзорциумот се запознаа со досегашните постигнати резултати, и идните фази на проектот. Партнерските организации се согласија околу улогата, одговорноста и динамиката во спроведување на активностите во втората половина на проектот. Членовите на конзорциумот ги одредија датумите за следните активности и најавува уште една интезивна работна година.
Цел на проектот е да се поттикне соработка помеѓу граѓанските организации и локалната самоуправа. За таа цел, активностите овозможуваат вмрежување и размени на искуства.
Проектот е финансиски поддржан од Европската Унија преку ИПА програмата за граѓанско општество и медиуми.