АЛДА беше дел од дводневниот регионален состанок на CSO Governance Community of practice, организиран од ЕУ ТАКСО 3 во Белград, Србија на 11 и 12 мај 2023 година.
Целта на состанокот беше да се обединат важните чинители од регионот на Западен Балкан и Турција за да се споделат добри практики од регионот и од Европската унија на темата за управување со граѓански организации и да се создаде Заедница за управување со практика.
На овој состанок, Милена Димитровска-Журовска ги сподели искуствата на АЛДА на темата како од регионален аспект така и од аспект на Европската Унија, и нејзините предизвици и практики. Таа зборуваше за развојот на мрежата, активностите и сподели за различните пристапи кои АЛДА ги практикува во регионот и како тие и помогнале на мрежата да се прошири и надвор од нејзините оригинални граници на Западен Балкан.
АЛДА ќе продолжи да соработува со професионалците од регионот и да создава партнерства со цел да обезбеди развој на Западен Балкан и Турција на нивниот пат кон Европската Унија.