Локална демократија

Once Upon a Time...

Search
× Search
en-USmk-MKsq-AL
Language


Новости

Доделување на Европската ознака за изводреност на управувањето

  • 26 декември 2022
Доделување на Европската ознака за изводреност на управувањето

Завршувајќи ги годишните активности за проектот Европската ознака за изводреност на управувањето во Хрватска, Северна Македонија и Косово*, на 22 ноември 2022 година се одржа настанот за доделување награди во Скопје, Северна Македонија.

Со финализирање на сите активности и евалуации, Европската асоцијација за локална демократија- АЛДА, во име на Советот на Европа, им ја врачи ознаката на општините кои успешно го завршија процесот. Кристалниот додекаедрон на кој се врежани 12-те принципи на добро демократско владеење беше претставен на 9 општини од Северна Македонија, 6 од Косово и 3 од Хрватска кои ја добија ознаката.

На церемонијата присуствуваа 65 градоначалници и претставници на општините од трите земји. Отворањето на церемонијата започна со говор на Ристо Пенов, министерот за локална самоуправа на Северна Македонија, Елберт Красниќи, министерот за локална самоуправа на Косово, Ориано Оточан, претседателот на АЛДА и Антонела Валморбида, генералниот секретар на АЛДА.

Во продолжение, Ниал Шерин од Центарот за експертиза за добро владеење на Советот на Европа,  ја презентираше на кратко програмата на Советот и важноста на Европската ознака за изводреност на управувањето. Потоа, тројца преставници го споделија своето  искуството на спроведување на процесот.

Учесниците имаа можност да ги слушнат сведоштвата од Берово, Северна Македонија, Лабин, Хрватска и Липјан, Косово.
Завршувањето на настанот беше доделувањето на самите награди, проследено со можност за вмрежување и размена на учесниците. 

За општините од Северна Македонија, добитници на ознаката беа Аеродром, Берово, Битола, Виница, Куманово, Неготино, Новаци, Радовиш и Штип.

За општините од Косово*, добитници на ознаката беа Дренас, Гњилане, Хани и Елезит, Липјан, Митровица и Штиме.

За општините од Хрватска, добитници на ознаката беа Чаковец, Лабин и Шибеник.

Print
Categories: Новости
Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x

Барај

E-информатор

Следете ги новостите во рамките на проектот или претплатете се на е-информаторот и сите информации ќе ги добивате на вашата е-адреса

ФинансирајГО

Истражување за финансиската и нефинансиската поддршка на граѓанските организации од локалните власти
   

 

 

Оваа интернет-страница е направена со финансиска поддршка од Европската унија. Содржината на интернет-страницата во целост е одговорност на партнерите и не секогаш ги одразува погледите и ставовите на Европската унија.

Terms Of UsePrivacy StatementCopyright 2023 by Softage
Back To Top
fmovies.co