Форумот во заедницата е алатка за вклучување на граѓаните во процесот на донесување одлуки на општинско ниво што започна да се применува во 2006 година во Република Македонија, по иницијатива на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC). Овој процес се одвиваше паралелно со процесот на децентрализација во државата, којшто во 2005 година доби реална димензија со почетокот на спроведување на фискалната децентрализација што овозможи законите коишто беа донесени во претходните години да почнат да се ефектуираат. Програмата, во текот на 10 години, имаше повеќе фази, а 59 општини спроведоа 111 форумски процеси со неколку типови на форуми – проектен, меѓуопштински и буџетски.
Издавач: Заедница на единиците на локалната самоуправа - ЗЕЛС
Автор: Заедница на единиците на локалната самоуправа - ЗЕЛС
Година на издавање: 2016