Во периодот од март 2018 година до октомври 2018 година, Младински Совет Прилеп одржа серија на активности со цел мапирање на потребите и проблемите на младите во Општина Крушево, активности за воспоставување структура за подготовка на локална младинска стратегија, како и активности за утврдување на потребите и можните решенија кои треба да ја сочинуваат содржината на локалната младинска стратегија. Целта на овие активности беше креирање на Локална младинска стратегија (ЛМС) на Општина Крушево, а спроведувањето на стратегијата ќе придонесе кон подобрување на генералната состојба на младите преку зголемено активно учество во политичкиот, социјалниот, економскиот и културниот живот во локалната заедница.