"Јакнење на капацитетите на граѓанските организации за остварување на правата на граѓаните за референдум на локално ниво" претставува 12-месечен проект на Институтот за стратешки истражувања и едукација (ИСИЕ) од Скопје кој ќе биде имплементиран во периодот од март 2018 до февруари 2019 година.
Проектот е насочен кон зголемување на свеста за можностите за непосредното учество на граѓаните во донесувањето на одлуките, преку нивно изјаснување на референдум. Потребно е да бидат зајакнати капацитетите на граѓанските организации со цел тие да може да се јават како иницијатори за спроведување на референдум и да обезбедат соодветна мобилизација на граѓаните.
Директни корисници на проектот се: 1) локалните граѓански организации во Скопскиот плански регион; 2) граѓанските неформални групи и јадра; 3) граѓанските индивидуални активисти; 4) претставниците на општините; и 5) локалните медиуми. Партнери при спроведувањето на проектот се општините Арачиново, Гази Баба и Бутел.
Име на организацијата: Здружение Институт за стратешки истражувања и едукација – ИСИЕ
Име на проектот: Јакнење капацитети на граѓанските организации за остварување на правата на граѓаните за референдум на локално ниво
Јазик: македонски и албански
Година на издавање: 2018