Со цел да го зајакне влијанието на граѓанските организации во креирањето на јавните политики на локално ниво, со овој тригодишен проектот беа опфатени низа активности за да ја поддржат соработката помеѓу граѓанските организации и локалните власти, но и да придонесат кон создавањето на соодветни финансиски можности за мали организации. На ваков начин би се зајакнала улогата на граѓанското општество како клучен фактор во процесот на ЕУ интеграција.
Од тука, значаен дел од активностите беа фокусирани на јакнење на капацитетите преку спроведување на тематски обуки наменети за здруженијата на граѓани и локалните самоуправи, притоа земајќи ја во предвид еднаквата регионална распределеност.
Различните активности имаа за цел да ја зголемат свеста кај граѓаните за локалната демократија и правото на граѓанско учество во креирање на локални политики.
Публикацијата издадена на македонски, албански и англиски јазик, можете да ја пронајдете подолу.
Издавач: Подружница на Асоцијација на агенции за локална демократија - АЛДА Скопје
Автор: Ивана Петровска, Катица Јанева, Ивана Велкова
Година на издавање: 2019