Local democracy

Once Upon a Time...

Search
× Search
en-USmk-MKsq-AL
Language


News

Локална самоуправа

  • 30 December 2020

Локалната самоуправа е темел на модерната демократија. Не случајно се вели дека нема демократски политички систем без развиена локална самоуправа и локална демократија, оти демократијата извира од локусот во кој граѓаните живеат, работат, комуницираат, ги задоволуваат основните лични и колективни интереси и потреби, директно или преку локалните органи, како најблиски до нив.

Иако агендата на локалните реформи варира од земја до земја и зависи од формата на владеење и управување, сепак, нејзините главни точки се поврзани со потребата од засилување на локалната демократија и локалната самоуправа, интензивирање на процесите на функционална, административна и фискална децентрализација, преиспитување на територијалната организација, развојот на граѓанското општество на локално ниво, поттикнување на локалниот економски развој и блиска соработка меѓу пазарните субјекти и локалните власти итн.

Новите алатки за подобрување на управувањето на локално ниво, како практиките на јавно-приватното партнерство, апликациите за е-локална влада и слични активности се дел од реформските зафати на локално ниво. Ширум светот се прават напори за поефикасен и економски исплатлив систем на управување не само на државно, туку и на локално ниво, односно за воведување корпоративни елементи во управувањето. Локалните единици не се суверени ентитети, па локалната самоуправа функционира во правно и политички дефинирана рамка. Но, не смее да се заборави дека локалните заедници не се државен политички и правен изум и творба туку географски, историски и социолошки втемелени заедници на луѓе со заеднички потреби и интереси. 

Учебникот „Локална самоуправа“ е колективен труд на професори од пет различни генерации кои активно работеле и сè уште работат на катедрата по Уставно право и политички систем на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.

Издавач: Фондација Конрад Аденауер во Република Северна Македонија
Правен факултет „Јустинијан Први“, Скопје
Автор: проф. д-р Гордана Силјановска-Давкова, проф. д-р Владимир Митков, проф. д-р Тања Каракамишева-Јовановска, проф. д-р Александар Спасеновски, доц. д-р Марко Кртолица
Година на издавање: 2020
Овој документ е на македонски јазик.

Documents to download

Print

Name:
Email:
Subject:
Message:
x

Search

Newsletter

Read more about the latest news from the project or subscribe to our Newsletter and get all the news in your mailbox

Application

Истражување за финансиската и нефинансиската поддршка на граѓанските организации од локалните власти
   

 

 

Оваа интернет-страница е направена со финансиска поддршка од Европската унија. Содржината на интернет-страницата во целост е одговорност на партнерите и не секогаш ги одразува погледите и ставовите на Европската унија.

Terms Of UsePrivacy StatementCopyright 2024 by Softage
Back To Top
bflix