Примарна цел на овој проект е унапредување на демократските процеси на локално ниво преку примена на корективни мерки и препораки во политиките на локалната власт заради засилено влијание на демократските процеси на национално ниво.Имајќи во предвид дека Општина Струмица е една од најјаките општини во државата, општина која со својот брз развој имплицира особено влијание во целокупниот разој на државата во сите сфери на општественото живеење, особено во демократските процеси а во таа насока и досегашните нејзини заложби да гради и практицира модел на граѓанско општество во кое сите ќе имаат еднакви можности , за нас како граѓанска организација ни беше мотив, низ еден зајакнат модел на партнерство помеѓу граѓанскиот сектор и локалната самоуправа, да потврдиме дека единствено оваа практика е мотор на демократијата.
Име на организацијата: Здружение на граѓани Центар за истражување и анализи “НОВУС”, Струмица
Име на проектот: Партнерството мотор на демократијата
Година на издавање: /