Проектот „Медиумите за ЕУ“ – Програма на граѓанското општество за учество на медиумите во преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ го спроведува „Евротинк“- Центар за европски стратегии во партнерство со Европската асоцијација за локална демократија - АЛДА и Балкански институт за регионална соработка – БИРС во периодот од 01.03.2023 до 28.02.2026 година и е финансиски поддршка од Европската Унија. Основна цел на проектот е да се надградат медиумските капацитети за покривање, следење и испитување на преговарачкиот процес за членство на Северна Македонија во Европската Унија.
Предвидени проектни активности во рамки на проектот, се следниве:
- Истражување на јавното мислење за медиумскиот сектор поврзано со известувањето за ЕУ интеграции на Република Северна Македонија.
- Обуки за медиумите за известување на интегративнниот процес на земјата во 8те плански региони
- Менторска програма за млади новинари-практиканти.
- Две Школи за европски политики
- Активности за вмрежување на медиумите и новинарите од земјата со соодветни медиумски институции од државите членки на ЕУ (студиски посети, фокус групи и средби)
- Грант шема за НВОи и медиуми од 8те плански региони за приближување на преговарачкиот процес на Република Северна Македонија со ЕУ до граѓаните и до нивните интереси.
- Продукција на новинарски материјали за структурите на ЕУ; преговарачкиот процес на Република Северна Македонија со ЕУ; новата преговарачка методологија и сл.
- Континуиирана комуникација со медиумската и со генералната публика за сите активности и аспекти на проектот кои се од интерес и важност за граѓаните.