Local democracy

Once Upon a Time...

Search
× Search
en-USmk-MKsq-AL
Language

Доделени грантови

 

 

Креирање на Локална Младинска Стратегија во општина Крушево

Креирање на Локална Младинска Стратегија во општина Крушево

Носител: Здружение МЛАДИНСКИ СОВЕТ Прилеп

Локација: Крушево - Пелагониски регион

Времетраење: 7 месеци

Кус опис:

Целта на проектот е да се придонесе кон подобрувањето на состојбата на младите во општина Крушево преку создавањето на Локална Младинска Стратегија во општина Крушево. Создавањето на младинска стратегија ќе биде патоказ за локалната самоуправа, за развојот на локалната заедница и подобрувањето на генералната состојба од призмата на младите и младинските прашања. Граѓанските организации ќе споделат свои наоди на темата и во иднина ќе можат да лоцираат ресурси за подобрување на состојбата во однос на приоритетите на Локалната Младинска Стратегија и со тоа активно да учествуваат во развојот на локалната заедница.


Спроведени две фокус групи во општина Крушево

 

Кампања за создавање на позитивни животни практики, здрави навики и вредности!

Кампања за создавање на позитивни животни практики, здрави навики и вредности!

Носител: Здружение на граѓани ВЕЛЕС БАЈКИНГ

Локација: Велес, Градско, Кавадарци – Вардарски регион

Времетраење: 12 месеци

Кус опис:

Целта на овој проект е да се подигне свеста кај децата и родителите за здрави навики и вредности. Предвидените активности ќе влијаат за поттикнување на добрите навики за физичка активност преку креативни, иновативни и комуникативни настани на отворен простор. Подобрување на знаењето за здрави навики и ограничување на пренагласената употреба на современите технички уреди преку социјализација на отворено.

Возење велосипед надвор од урбаните средини

 

Активирај се – Одлучувај каде општината ќе ги троши твоите пари

Активирај се – Одлучувај каде општината ќе ги троши твоите пари

Носител: Здружение Центар за одржлив развој Дебар

Локација: Дебар, Центар Жупа, Маврово и Ростуше – Југозападен регион

Времетраење: 10 месеци

Кус опис:

Целта на проектот е зголемување на учеството на граѓаните во процесите на донесување одлуки на локално ниво. Проектот овозможува активно вклучување на граѓаните во процесите на донесување одлуки на локално ниво преку: е-платформа каде можат да дадат предлози, сугестии, критики и решенија; како и директно вклучување на граѓаните кои ќе можат да определат кои проекти се од најголема корист и во распределбата на буџетот. Проектот предвидува и зајакнување на соработката на граѓанските здруженија и општините преку организирање на јавни дебати за идентификуваните и гласаните потреби.

 

Јакнење на капацитетите на граѓанските организации за остварување на правата на граѓаните за референдум на локално ниво

Јакнење на капацитетите на граѓанските организации за остварување на правата на граѓаните за референдум на локално ниво

Носител: Здружение Институт за стратешки истражувања и едукација – ИСИЕ

Локација: Арачиново, Бутел и Гази Баба – Скопски регион

Времетраење: 12 месеци

Кус опис:

Целта на овој проект е јакнење на капацитетите на граѓанските организации за остварување на правата на граѓаните за референдум на локално ниво во скопскиот плански регион. Проектот е насочен кон зголемување на свеста за можностите за непосредното учество на граѓаните во донесувањето на одлуките, преку нивно изјаснување на референдум. Проектот е фокусиран кон засилување на капацитетите на целните групи преку обуки, симулации, тркалезна маса и создавање на документ за креирање на политики, но и подобрување на информираност на граѓаните и достапните информации преку вебсајт, кампања на социјалните мрежи и написи во медиумите.


Интернет-страницата „Референдум“ пуштена во употреба

 

Жителите од Шарпланинските села и граѓанските организации со заедничка соработка за придонес во развојот на планинскиот туризам во руралните средини на општина Тетово

Жителите од Шарпланинските села и граѓанските организации со заедничка соработка за придонес во развојот на планинскиот туризам во руралните средини на општина Тетово

Носител: Планинарски Клуб Љуботен,Тетово

Локација: Планинските села во општина Тетово – Полошки регион

Времетраење: 8 месеци

Кус опис:

Целта на проектот е зајакнување на соработката со локалното население и зголемување на влијанието на граѓанските организации и локалната самоуправа во идниот развој на руралниот туризам во планинските села. Предвидени се активности за подигнување на свеста кај граѓаните за бенефитите од туристичката дејност преку заедничко спроведување активности и поголема информираност како и планирање мерки и активности од стрна на локалната самоуправа за зголемување на локалниот економски развој преку развојот на руралниот – планински туризам.

 

Добро локално управување

Добро локално управување

Носител: Здружение КРУНА ПЛУС, Радовиш

Локација: Општините во Југоисточен плански регион

Времетраење: 12 месеци

Кус опис:

Целта на овој проект е градење на партнерства, вмрежување и размена на добри практики на локално и регионално ниво и развивање на капацитетите на чинителите за добро владеење на локално ниво. Преку подигањето на капацитетите на граѓанските организации, центарот за развој на југоисточниот плански регион и администрацијата и советите при општините, нивното меѓусебно запознавање и нивната заедничка интеракција директно ќе придонесе за подобрување на процесот на носење на локалните и регионални политики, каде ефективно на крај треба да се одрази кон подобрувањето на квалитетот на живот на граѓаните.

 

Локалната заедница и општината заеднички ја креираат стратегијата за локален економски развој!

Локалната заедница и општината заеднички ја креираат стратегијата за локален економски развој!

Носител: Рурална Коалиција, Куманово

Локација: Старо Нагоричане – Североисточен регион

Времетраење: 12 месеци

Кус опис:

Целта на овој проект е локалната заедница да се вклучи во процесите на креирање политики и стратешки документи на општината. Преку активностите предвидено е да се постигне подигнување на свеста кај граѓаните за потребата од нивно вклучување во процесот на донесување на одлуки на локално ниво како и создавање на платформа за вмрежување на сите локални чинители кои што за прв пат ќе имаат можност да работат заедно и да овозможат создавање на старегија за локален економски развој прилагодена на потребите на локалното население.

 

Транспарентни општини во функција на локална демократија

Транспарентни општини во функција на локална демократија

Носител: Здружение Чекор кон Европа, Кавадарци

Локација: Кавадарци – Вардарски регион

Времетраење: 12 месеци

Кус опис:

Целта на овој проект е зголемување на нивото на демократија во општина Кавадарци преку зголемување на нивото на транспарентност и одговорност. Активностите се фокусирани на поголема транспарентност на распределбата на финансиските средства од буџетот на општина Кавадарци наменета за граѓанските организации и зголемување на нивото на учество на граѓаните во процесот на донесување на одлуки на локално ниво.

 

Заедно за развој на општината

Заедно за развој на општината

Носител: Центар за лековити билки и шумски плодови, АМБРОЗИЈА, Пехчево

Локација: Пехчево – Источен регион

Времетраење: 12 месеци

Кус опис:

Целта на проектот е да се зголеми учеството на јавноста во креирањето јавни политики на локално ниво во општина Пехчево. Предвидени се активности за зајакнување на капацитетите на граѓанските организации и претставницита на месните заедници за можностите и механизмите за учество во креирање на локални политики, создавање механизми за одржливи партнерства и финансиска поддршка на граѓанските организации од општина Пехчево.

 

Здружени за доброто на заедницата


Здружени за доброто на заедницата

Носител: ЛАГ Агролидер, Кривогаштани

Локација: Кривогаштани, Долнени, Крушево – Пелагониски регион

Времетраење: 9 месеци

Кус опис:

Целта на проектот е имплементирање на програма која ќе овозможи да се ангажираат граѓаните во процесот на планирање и донесување одлуки на локалната самоуправа за да произведат резултати кои ги рефлектираат потребите на локалната заедница. Предвидени се активности кои ќе придонесат за проширување на улогата на граѓаните и граѓанските организации во процесите на планирање и донесување одлуки, институционализирање на ефикасен метод за учество на граѓаните во донесувањето одлуки и подобрување на интеграцијата на процесот на планирање и буџетирање на локалните власти.


Прва тркалезна маса организирана од Агролидер во Крушево

Партнерството мотор на демократијата

Партнерството мотор на демократијата

Носител: Здружение на граѓани Центар за истражување и анализи “НОВУС”, Струмица

Локација: Струмица – Југоисточен регион

Времетраење: 12 месеци

Кус опис:

Цел на проектот е унапредувањето на демократските процеси на локално ниво за влијание врз целокупните демократски промени во државата врз основа на засилено влијание и интервенции на граѓанските организации во креирањето и спроведувањето на општинските политики. Предвидените активностите се за вмрежување и градење на одржлив механизам за партнерства помеѓу граѓанските организации на локално и национално ниво, зајакнување на капцитетите на граѓанските организации и локалната власт за заедничко ефикасно делување.

Започнува реализација на проект

Работилница спроведена од Новус како дел од регрантираните проекти

 

Стратегија за лица со инвалидност – ЛАПЛИ

Стратегија за лица со инвалидност – ЛАПЛИ

Носител: Здружение на лица со церебрална парализа – Велес

Локација: Кавадарци, Градско, Чашка – Вардарски регион

Времетраење: 9 месеци

Кус опис:

Целта на проектот е зајакнето влијание на граѓанските организации кои работат со лица со попреченост во креирање на јавните политики во oпштините Кавадарци, Градско и Чашка преку градење на засебни стратегии „Локален Акционен План за лица со инвалидност“ за секоја од наведените општини. Подготовката на стратешки документ ЛАПЛИ наменет за лицата со попреченост, отвора соработка на лицата со попреченост со партнерства помеѓу граѓанските организации кои работат во нивна полза, локалната власт, институциите кои се наоѓаат на локално ниво.

Newsletter

Read more about the latest news from the project or subscribe to our Newsletter and get all the news in your mailbox

Application

Истражување за финансиската и нефинансиската поддршка на граѓанските организации од локалните власти
   

 

 

Оваа интернет-страница е направена со финансиска поддршка од Европската унија. Содржината на интернет-страницата во целост е одговорност на партнерите и не секогаш ги одразува погледите и ставовите на Европската унија.

Terms Of UsePrivacy StatementCopyright 2024 by Softage
Back To Top
bflix