Проектот „Зајакнување на локалното учество и соработка преку партнерство помеѓу јавните власти и граѓанските организации во Босна и Херцеговина-Link 4 Cooperation“ има за цел да ги промовира начелата на добро владеење во насока на ефективно и одговорно работење на единиците на локалната самоуправа во Босна и Херцеговина. Проектот ќе ги зајакне капацитетите на локалните власти (избрани лидери и државни службеници) и граѓанското општество во спроведувањето на партиципативни процеси.