Локална демократија

Once Upon a Time...

Search
× Search
en-USmk-MKsq-AL
Language


Risi

12Qer
2019

Како може да престане мандатот на член на Советот на општината?

- Мандатот на советник односно членот на Советот на општината по правило завршува со истек на времето за кое е избран (завршеток на мандатот). 

Како се избира Претседател на Советот на општината?

12 qershor 2019

- Претседател на Советот се избира од редот на членовите на Советот.

Кои се надлежностите на Советот на општината?

12 qershor 2019

- Советот на општината ги има следните надлежности: 
1. Го донесува статутот на општината и други прописи; 
2. Донесува буџет на општината и годишна сметка на општината; 
3. Ја утврдува висината на сопствените извори на приходи за финансирање на општината, во рамките утврдени со закон; 
4. Основа јавни служби во рамките на надлежноста на општината и врши надзор над нивната работа; 
5. Именува членови во управните одбори на јавните служби, кои ги основа; 
6. Усвојува програми за работа и финансиски планови за финансирање на јавните служби, кои ги основала општината; 
7. Ги усвојува извештаите за извршување на буџетот и годишната сметка на општината; 
8. Одлучува за давање дозвола за вршење дејност од јавен интерес од локално значење, во согласност со закон; 
9. Ги усвојува извештаите за работата и годишните сметки на јавните служби, кои ги основала општината; 
10. Одлучува за начинот на располагање со сопственоста на општината; 
11. Одлучува за начинот на вршење на финансиска контрола на буџетот на општината, во согласност со закон; 
12. Го избира лицето кое раководи со подрачната единица на Министерството за внатрешни работи во општината, во согласност со закон; 
13. Го разгледува и усвојува годишниот извештај за јавната безбедност на подрачјето на општината, кој го доставува до министерот за внатрешни работи и народниот правобранител; 
14. Може да дава препораки на раководното лице на подрачната единица на Министерството за внатрешни работи од областа на јавната безбедност и безбедноста во сообраќајот и др. 

Како Советот на општината ги донесува одлуките?

12 qershor 2019

- Советот одлучува со мнозинство гласови од присутните членови, доколку со закон и со статутот на општината  не е поинаку определено. Гласањето на Советот по правило е јавно.

Колку често се одржуваат седници на Советот на општината?

12 qershor 2019

- Седниците на Советот на општината се свикуваат по потреба, но најмалку еднаш на три месеци.

First234567891011Last

Барај

ФинансирајГО

Истражување за финансиската и нефинансиската поддршка на граѓанските организации од локалните власти
   

 

 

Оваа интернет-страница е направена со финансиска поддршка од Европската унија. Содржината на интернет-страницата во целост е одговорност на партнерите и не секогаш ги одразува погледите и ставовите на Европската унија.

Copyright 2024 by Softage
Back To Top