Локална демократија

Once Upon a Time...

Search
× Search
en-USmk-MKsq-AL
Language


Risi

12Qer
2019

Што претставуваат центрите за регионален развој?

Центрите за регионален развој се основаат за вршење на стручни работи од значење за развојот на планскиот регион. За секој плански регион се основа Центар за развој на планскиот регион, а го основаат единиците на локалната самоуправа-општините што влегуваат во состав на планскиот регион. Центрите имаат својство на правно лице, а нивното работење се финансира од буџетите на единиците на локалната самоуправа што влегуваат во состав на планскиот регион. Седиштето на центарот за развој на планскиот регион е во единицата на локалната самоуправа со најголем број жители во планскиот регион.

Кои се надлежностите на Советот за рамномерен регионален...

12 qershor 2019

Советот за рамномерен регионален развој:

- ја усогласува политиката за поттикнување рамномерен регионален развој со секторските политики и макроекономската политика на Република Македонија,
- ја утврдува предлог-стратегијата за регионален развој,
- дава претходна согласност за програмите за развој на планските региони,
- ја утврдува предлог-листата на подрачја со специфични развојни потреби,
- утврдува предлог-одлука за класификација на единиците на локалната самоуправа и планските региони според степенот на развиеност,
- утврдува предлог за финансирање на конкретни проекти од средствата од Буџетот на Република Македонија, наменети за развој на планските региони, подрачјата со специфични развојни потреби и на селата,
- дава мислење по извештаите за спроведување на планските документи за регионален развој,
- иницира разгледување на прашања од областа на регионалниот развој за кои е неопходна координација меѓу Владата на Република Македонија, единиците на локалната самоуправа и другите засегнати страни и
- разгледува други прашања од областа на рамномерниот регионален развој
 

Што е Совет за рамномерен регионален развој?

12 qershor 2019

Совет за рамномерен регионален развој е тело кое работи на поттикнување рамномерен регионален развој.

Колку плански/статистички региони има во МК?

12 qershor 2019

Статистички, Македонија е поделена на осум плански региони, кои служат за статистички, економски и административни цели. Планските региони се функционално-територијални единици воспоставени за потребите на планирање на развојот и за реализација на политиката за поттикнување рамномерен регионален развој;

Што е регионален развој?

12 qershor 2019

Регионален развој е процес на идентификување, поттикнување, управување и искористување на развојните потенцијали на планските региони и подрачјата со специфични развојни потреби;

12345678910Last

Барај

ФинансирајГО

Истражување за финансиската и нефинансиската поддршка на граѓанските организации од локалните власти
   

 

 

Оваа интернет-страница е направена со финансиска поддршка од Европската унија. Содржината на интернет-страницата во целост е одговорност на партнерите и не секогаш ги одразува погледите и ставовите на Европската унија.

Copyright 2024 by Softage
Back To Top