Локална демократија

Once Upon a Time...

Search
× Search
en-USmk-MKsq-AL
Language


Risi

АЛДА - Локалните власти и граѓанските организации заедно 27Dhj
2019

АЛДА - Локалните власти и граѓанските организации заедно

Во дискусиите за тековната криза на Европската унија предизвикана од „НЕ“ на Уставниот договор во Франција и Холандија, понекогаш се заборава дека сѐ, во целата конструкција на Европската унија е повеќе...
УНДП - Упатство за корисници за мерење на локалната...

УНДП - Упатство за корисници за мерење на локалната...

27 dhjetor 2019
Овој Водич има за цел да одговори на зголемената побарувачка од канцелариите на УНДП и широк спектар на национални чинители за насоки за мноштвото алатки и методи што се користат за мерење, проценка и следење на...

Овој Водич има за цел да одговори на зголемената побарувачка од канцелариите на УНДП и широк спектар на национални чинители за насоки за мноштвото алатки и методи што се користат за мерење, проценка и следење на управувањето на локално ниво. Водичот го користи терминот „локално управување“ за да се покрие опсегот на прашања поврзани со управувањето што постојат на локално ниво, вклучително и децентрализацијата на политиките и процесите, улогите и меѓусебните врски на различни актери и институции, локалната демократија и ефикасноста на локалната самоуправа. Водичот комбинира дискусија за теоретски/концептуални прашања во врска со локалното управување со преглед на минатите и тековните иницијативи за проценка на истото. Зголемувањето на различни проценки и индикатори резултираше во одредена конфузија околу тоа кои алатки да се користат, како треба да се применат како и нивните слабости и јаки страни.

Прирачник за промовирање на принципите на демократско...

Прирачник за промовирање на принципите на демократско...

27 dhjetor 2019
За правилно функционирање на Советот како „законодавно“ тело на локално ниво, кое ја води политиката и ги усвојува актите во општината, од суштинско значење е неговите членови и членки да поседуваат...

За правилно функционирање на Советот како „законодавно“ тело на локално ниво, кое ја води политиката и ги усвојува актите во општината, од суштинско значење е неговите членови и членки да поседуваат критични знаења во врска со законските права и надлежности кои тие ги имаат како избрани претставници/претставнички. Оттука, сметаме дека овој Прирачник во голема мера ќе го олесни добивањето на потребни знаења на членовите и членките на општинските совети, ќе разреши некои од дилемите со кои членовите и членките на советите се соочуваат во врска со законското работење. На крајот се надеваме дека употребата на Прирачникот ќе придонесе кон поголема ефикасност, ефективност, транспарентност и спроведување на надзор во вршењето на советничката функција на локално ниво. Прирачникот дава можност за размислување, односно го отвора хоризонтот за натамошно дејствување и креирање на поголема политичка волја од локалните избрани претставници и претставнички во насока на развивање на локалната демократија. 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и...

Анализа на состојбите во социјалната заштита и...

27 dhjetor 2019
Оваа публикација е подготвена за потребите на Институтот за човекови права „Лудвиг Болцман“ – БИМ-ФВ, Скопје, во рамките на проектот „Социјална инклузија и човекови права во Македонија“....

Оваа публикација е подготвена за потребите на Институтот за човекови права „Лудвиг Болцман“ – БИМ-ФВ, Скопје, во рамките на проектот „Социјална инклузија и човекови права во Македонија“. Целта на проектот е примена на пристапот заснован на човековите права на полето на намалување на сиромаштијата и социјалната исклученост на национално и на локално ниво, што вклучува идентификување на ранливите групи, нивно директно вклучување во процесите на донесување одлуки што ќе влијаат врз нивниот живот, како и воспоставување систем за мониторинг и отчетност на носителите на обврски. Предмет на оваа анализа беше утврдување на состојбата, односно на потребите во однос на социјалното вклучување на локално ниво во следниве шест општини: Штип, Прилеп, Кичево, Сарај, Чашка и Радовиш. 

Публикација „Истражување на финансиската и нефинансиската поддршка на граѓанските организации од локалните власти”
25 nëntor 2019

Публикација „Истражување на финансиската и нефинансиската поддршка на граѓанските организации од локалните власти”

На кој начин општините ги поддржуваат граѓанските организации? Дали соработката помеѓу локалната самоуправа и граѓанскиот сектор е подобрена? Кои општини јавно објавиле повик за проекти? Публикацијата “Истражување на финансиската и нефинансиската поддршка на граѓанските организации од локалните власти” ги содржи одговорите на овие прашања и многу повеќе. 

123456

Барај

ФинансирајГО

Истражување за финансиската и нефинансиската поддршка на граѓанските организации од локалните власти
   

 

 

Оваа интернет-страница е направена со финансиска поддршка од Европската унија. Содржината на интернет-страницата во целост е одговорност на партнерите и не секогаш ги одразува погледите и ставовите на Европската унија.

Copyright 2024 by Softage
Back To Top