Локална демократија

Once Upon a Time...

Search
× Search
en-USmk-MKsq-AL
Language


Risi

Брошура - Кампања за создавање позитивни животни практики, здрави навики и вредности 21Jan
2020

Брошура - Кампања за создавање позитивни животни практики, здрави навики и вредности

Спроведувањето на децата во отворен простор и природа и извршувањето на физички, креативни и комуникациски активности на отворен простор, нуди една сосема поинаква перспектива на пристап на решавање на потребните...
Ставовите на младите во Општина Крушево по однос на...

Ставовите на младите во Општина Крушево по однос на...

21 janar 2020
Проектот опфаќа активности за воспоставување структура за подготовка на локални младински стратегии, како и активности за утврдување на потребите и можните решенија кои треба да ја сочинуваат содржината на локалната...

Проектот опфаќа активности за воспоставување структура за подготовка на локални младински стратегии, како и активности за утврдување на потребите и можните решенија кои треба да ја сочинуваат содржината на локалната младинска стратегија.Со цел фокусирање на најприоритетните проблеми за младите во Крушево, преку реализација на фокус група се селектираа приоритети на кои понатаму ќе се однесува стратегијата. Приоритетите за Крушево беа Култура, Образование, Спорт, Здравје и Младинско учество. За детектирање на состојбата во овие приоритети беше спроведена електронска анкета за млади луѓе на возраст од 15 – 29 години, како и тематски фокус групи.

Стратегија за млади на Општина Крушево 2019-2023

Стратегија за млади на Општина Крушево 2019-2023

21 janar 2020
Во периодот од март 2018 година до октомври 2018 година, Младински Совет Прилеп одржа серија на активности со цел мапирање на потребите и проблемите на младите во Општина Крушево, активности за воспоставување...

Во периодот од март 2018 година до октомври 2018 година, Младински Совет Прилеп одржа серија на активности со цел мапирање на потребите и проблемите на младите во Општина Крушево, активности за воспоставување структура за подготовка на локална младинска стратегија, како и активности за утврдување на потребите и можните решенија кои треба да ја сочинуваат содржината на локалната младинска стратегија. Целта на овие активности беше креирање на Локална младинска стратегија (ЛМС) на Општина Крушево, а спроведувањето на стратегијата ќе придонесе кон подобрување на генералната состојба на младите преку зголемено активно учество во политичкиот, социјалниот, економскиот и културниот живот во локалната заедница.

Водич за референдум на локално ниво

Водич за референдум на локално ниво

21 janar 2020
"Јакнење на капацитетите на граѓанските организации за остварување на правата на граѓаните за референдум на локално ниво" претставува 12-месечен проект на Институтот за стратешки истражувања и едукација...

"Јакнење на капацитетите на граѓанските организации за остварување на правата на граѓаните за референдум на локално ниво" претставува 12-месечен проект на Институтот за стратешки истражувања и едукација (ИСИЕ) од Скопје кој ќе биде имплементиран во периодот од март 2018 до февруари 2019 година. 
Проектот е насочен кон зголемување на свеста за можностите за непосредното учество на граѓаните во донесувањето на одлуките, преку нивно изјаснување на референдум. Потребно е да бидат зајакнати капацитетите на граѓанските организации со цел тие да може да се јават како иницијатори за спроведување на референдум и да обезбедат соодветна мобилизација на граѓаните.
Директни корисници на проектот се: 1) локалните граѓански организации во Скопскиот плански регион; 2) граѓанските неформални групи и јадра; 3) граѓанските индивидуални активисти; 4) претставниците на општините; и 5) локалните медиуми. Партнери при спроведувањето на проектот се општините Арачиново, Гази Баба и Бутел. 

Референдум на локално ниво: реалност или фикција? - студија за проценка на состојбата
21 janar 2020

Референдум на локално ниво: реалност или фикција? - студија за проценка на состојбата

"Јакнење на капацитетите на граѓанските организации за остварување на правата на граѓаните за референдум на локално ниво" претставува 12-месечен проект на Институтот за стратешки истражувања и едукација (ИСИЕ) од Скопје кој ќе биде имплементиран во периодот од март 2018 до февруари 2019 година. 
Проектот е насочен кон зголемување на свеста за можностите за непосредното учество на граѓаните во донесувањето на одлуките, преку нивно изјаснување на референдум. Потребно е да бидат зајакнати капацитетите на граѓанските организации со цел тие да може да се јават како иницијатори за спроведување на референдум и да обезбедат соодветна мобилизација на граѓаните.

1234

Барај

ФинансирајГО

Истражување за финансиската и нефинансиската поддршка на граѓанските организации од локалните власти
   

 

 

Оваа интернет-страница е направена со финансиска поддршка од Европската унија. Содржината на интернет-страницата во целост е одговорност на партнерите и не секогаш ги одразува погледите и ставовите на Европската унија.

Copyright 2022 by Softage
Back To Top
123movies