Локална демократија

Once Upon a Time...

Search
× Search
en-USmk-MKsq-AL
Language


Risi

Форум: Партнерството е клучно за локалната демократија: Нови начини на соработка помеѓу локалните власти и граѓанскиот сектор

  • 7 qershor 2019
Форум: Партнерството е клучно за локалната демократија: Нови начини на соработка помеѓу локалните власти и граѓанскиот сектор

Форумот „Партнерството е клучно за локалната демократија: Нови начини на соработка помеѓу локалните власти и граѓанскиот сектор“ организиран од страна на Европска асоцијација за локална демократија – АЛДА Скопје ќе се одвива на 11 и 12 јуни 2019 година во хотел „Бест Вестерн“ во Скопје.

На овој меѓународен настан ќе учествуваат 60 учесници претставници на локалните власти, граѓанскиот сектор и меѓународни организации од Балканот и ЕУ. Форумот ќе им даде на учесниците можност да разменат добри практики, искуства и да дискутираат за нови начини на соработка помеѓу локалните власти и граѓанскиот сектор.

Четири разноврсни и релевантни панели за се предвидени за време на овој настан за размена на добри практики на тема: ефикасно партнерство помеѓу граѓанските организации и локалните власти; поддршка за граѓанските организации од страна на локалните власти; традиционални и нови начини на граѓанско учество; и локални партнерства преку меѓународна соработка.

Доколку сакате да учествувате на Форумот потврдите вашето присуство на следниот ЛИНК до понеделник 10 јуни 2019 во 12ч.

Форумот е организиран во рамки на проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“ и е поддржан од страна на Европска Унија и Централно-европската иницијатива (ЦЕИ).

x

Барај

ФинансирајГО

Истражување за финансиската и нефинансиската поддршка на граѓанските организации од локалните власти
   

 

 

Оваа интернет-страница е направена со финансиска поддршка од Европската унија. Содржината на интернет-страницата во целост е одговорност на партнерите и не секогаш ги одразува погледите и ставовите на Европската унија.

Copyright 2024 by Softage
Back To Top