Локална демократија

Once Upon a Time...

Search
× Search
en-USmk-MKsq-AL
Language


Risi

Повик за доделување на грантови

  • 30 nëntor 2017
Повик за доделување на грантови

Европската асоцијација за локална демократија (АЛДА) – Скопје, Здружението на финансиски работници на локалната самоуправа и јавните претпријатија (ЗФР) и Европското движење (ЕД), објавуваат

 

ЈАВЕН ПОВИК 

за финансиска поддршка на граѓански организации кои работат во областа на локална демократија, креирање и спроведување јавни политики на локално ниво и соработка со локални самоуправи

 

Европската асоцијација за локална демократија (АЛДА) – Скопје, Здружението на финансиски работници на локалната самоуправа и јавните претпријатија - Велес (ЗФР) и Европското движење (ЕД) го спроведуваат проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“ финансиран од Делегацијата на Европската Унија во Скопје  преку ИПА програмата за поддршка на граѓанското општество и програмата за медиуми 2015.

Главна цел на проектот е да го зајакне влијанието на граѓанските организации во јавните политики на локално ниво.

Специфични цели на проектот:

  • Да се создадат услови за граѓанските организации кои ќе овозможат правна и финансиска поддржувачка околина на локално ниво;
  • Да се воспостави и развие одржлив механизам за градење партнерства и соработка помеѓу граѓанските организации и локалните самоуправи;
  • Да се развијат капацитетите на граѓанските организации со цел да станат релевантни чинители во општествените процеси и донесувањето на јавни политики на локално ниво;
  • Да се поттикне размена на добри практики, вмрежување и градење партнерства на национално, регионално и европско ниво.

Преку ре-грантовата шема за финансиска помош на овој проект ќе се поддржат мали проекти на граѓански организации. Грантовите ќе бидат доделени на проекти кои ќе придонесат кон главната цел на проектот. Ќе бидат поддржани иновативни идеи за подобрување на соработката помеѓу граѓанските организации (ГО) и локалните самоуправи (ЛС). Повеќе детали за Јавниот Повик можете да прочитате тука.

Пријавите се доставуваат најдоцна до 17.00 часот, 24.12.2017 на следната адреса: cso.democracy@aldaintranet.org

АЛДА Скопје во соработка со партнерските организации ќе организира четири информативни средби за заинтересираните кандидати на овој повик во Битола, Струга, Велес и Струмица. Точниот термин на одржување на информативните средби ќе биде објавен на интернет страниците на проектните партнери.

Често поставувани прашања

 

x

Барај

ФинансирајГО

Истражување за финансиската и нефинансиската поддршка на граѓанските организации од локалните власти
   

 

 

Оваа интернет-страница е направена со финансиска поддршка од Европската унија. Содржината на интернет-страницата во целост е одговорност на партнерите и не секогаш ги одразува погледите и ставовите на Европската унија.

Copyright 2022 by Softage
Back To Top
123movies