Локална демократија

Once Upon a Time...

Search
× Search
en-USmk-MK
Language

Проекти

Европска ознака за извонредност на управувањето ( ELoGE ) во Хрватска

  • 13 април 2022
  • Author: ALDA Skopje
  • Number of views: 2390
  • 0 Comments
Европска ознака за извонредност на управувањето ( ELoGE ) во Хрватска

Европската асоцијација за локална демократија - АЛДА  во 2021 година ја доби акредитацијата од Советот на Европа за спроведување на проектот „Европска ознака за извонредност на управувањето ( ELoGE ) во Хрватска“.

Проектот „Европска ознака за извонредност на управувањето ( ELoGE ) во Хрватска“ има за цел да ги подржи единиците на локалната самоуправа да ги подобрат своите стандарди и да обезбедат висококвалитетни услуги во рамките на локалната самоуправа.

Во процесот на аплицирање за ознаката ELoGE, единиците за локална самоуправа спроведуваат самооценување, анкети помеѓу граѓаните, вработените и советниците, и собираат документација што овозможува да се провери дали самооценувањето е оправдано.

Единиците на локална самоуправа кои одлучуваат да бидат дел од програмата спроведуваат активности за самоевалуација на квалитетот од воспоставените јавни услуги. Ова значи дека тие ставаат посебен акцент на подигнување на стандардите на нивната работа во областите кои се предмет на самооценување.

Ова подразбира дека секоја вклучена едниница на локална самоуправа ја мери и проверува усогласеноста со 12 Начела за добро демократско управување на Советот на Европа.

Проектот започна во април 2021 и ќе се имплементира до ноември 2022. 

Повеќе информации ќе пронајдете на следниот линк. 

 

Print
Categories: Проекти
Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x

Барај

Категории

ФинансирајГО

Истражување за финансиската и нефинансиската поддршка на граѓанските организации од локалните власти
   

 

 

Оваа интернет-страница е направена со финансиска поддршка од Европската унија. Содржината на интернет-страницата во целост е одговорност на партнерите и не секогаш ги одразува погледите и ставовите на Европската унија.

Terms Of UsePrivacy StatementCopyright 2024 by Softage
Back To Top