Локална демократија

Once Upon a Time...

Search
× Search
en-USmk-MKsq-AL
Language


Публикации од проектот

„Стратегија за соработка помеѓу владата и граѓанското општество“ 21септ.
2019

„Стратегија за соработка помеѓу владата и граѓанското општество“

Во 2007 година, Владата на Република Македонија ја усвои првата Стратегија за соработка на Владата со граѓанското општество и Акциониот план 2007-2011 година. Така, Владата ја истакна важноста на граѓанското...
Документ „Соработка помеѓу локалните власти и...

Документ „Соработка помеѓу локалните власти и...

21 септември 2019
Главната цел на студијата е увид во механизмите за меѓусекторска соработка и дијалошки механизми на локално ниво и на таа основа да се донесат серија препораки за понатамошен развој на методологијата и транспарентен...

Главната цел на студијата е увид во механизмите за меѓусекторска соработка и дијалошки механизми на локално ниво и на таа основа да се донесат серија препораки за понатамошен развој на методологијата и транспарентен систем за финансиска и нефинансиска поддршка за граѓанските организации, на локално ниво.

Прирачник за процесот на децентрализација во Република...

Прирачник за процесот на децентрализација во Република...

30 декември 2019
Децентрализација на власта значи ослободување на централната власт од дел од надлежностите и нивно пренесување на локално ниво, на Општините и на Градот Скопје.  Со децентрализацијата на власта, голем дел на...

Децентрализација на власта значи ослободување на централната власт од дел од надлежностите и нивно пренесување на локално ниво, на Општините и на Градот Скопје. 
Со децентрализацијата на власта, голем дел на прашања што се од исклучива важност за граѓаните, добија локално значење. На тој начин граѓаните добија можност директно да учествуваат во организирањето на највиталните области од своето живеење.

Прирачник за демократијата на локално ниво

Прирачник за демократијата на локално ниво

30 декември 2019
Бидејќи демократијата не е настан, туку комплексен и континуиран процес, од суштинско значење е неговото формирање и развој да бидат соодветно управувани и негуваат. Во овој поглед, овој прирачник ќе биде многу...

Бидејќи демократијата не е настан, туку комплексен и континуиран процес, од суштинско значење е неговото формирање и развој да бидат соодветно управувани и негуваат. Во овој поглед, овој прирачник ќе биде многу корисна алатка во процесот на промовирање и развој за демократија на локално ниво. Тоа ќе биде суштински референтен документ за сите оние кои се вклучени во политичките и административните процеси на демократизација. Тоа ќе го подобри капацитетот на луѓето да управуваат со различностите и да дизајнираат соодветни системи за да одговараат на различни нивоа и степени на демократизација.

Стратегија на Град Скопје за соработка со граѓанските организации со Акциски план (2019-2021)
9 јануари 2020

Стратегија на Град Скопје за соработка со граѓанските организации со Акциски план (2019-2021)

Граѓанскиот сектор, покрај јавниот и деловниот сектор, претставува важен партнер на локалната самоуправа во креирање и реализирање иницијативи за подобар живот на граѓаните. Токму улогата на граѓанските организации е да ја застапува својата целна група (граѓаните) и нивните потреби пред локалната самоуправа. Еден од клучните процеси во работењето на локалната самоуправа е програмирањето на финансиските средства кои треба да бидат искористени за решавање на клучните предизвици на граѓаните. Во рамките на тој процес,граѓанските организации треба да играат поголема улога. Градот Скопје вложува напори за зголемена поддршка на граѓаните преку здруженија на граѓани, фондации, кои се мост кон локалното население. Токму затоа, оваа Стратегија претставува двонасочен канал за комуникација на Градот со граѓанските организации. 

Предлог - методологија за доделување на средства од општините на граѓанските организации
17 август 2020

Предлог - методологија за доделување на средства од општините на граѓанските организации

Во последните дваесет години во нашата држава значително се зголемува улогата на граѓанските организации во процесот на развој на демократското општество, унапредувањето на нивото на демократија и квалитетот на животот на локално и национално ниво. Нивната успешност во реализирањето на овие цели во голема мера зависи од соработката со локалните власти и поддршката што ја добиваат од нив. 

Предизвици во системот за локални даноци кај општините во Северна Македонија: Фокус на данокот на имот
22 октомври 2020

Предизвици во системот за локални даноци кај општините во Северна Македонија: Фокус на данокот на имот

Целта на овој документ како што наведува и насловот е идентификување на предизвиците со кои се соочуваат општините во Република Северна Македонија со системот за локални даноци, а со фокус на данокот на имот. Предизвиците кои се идентификуваат се разгледуваат низ елементите на данокот на имот и тоа предизвици во утврдување на даночната база и процена на вредноста на имотот како и управувањето со системот (техничко- административни).

Иницијатива отворен град
5 ноември 2020

Иницијатива отворен град

Што е "Отворен град"? 
За да можат граѓаните да ги почувствуваат придобивките од отворените податоци, градовите во денешно време треба да прават многу повеќе од единствено отворање на своите податоци. Градските власти треба заеднички да работат со граѓаните и да ги користат отворените податоци за решавање на локалните проблеми и предизвици. 

Локална самоуправа

Локална самоуправа

Локалната самоуправа е темел на модерната демократија. Не случајно се вели дека нема демократски политички систем без развиена локална самоуправа и локална демократија, оти демократијата извира од...

E-информатор

Следете ги новостите во рамките на проектот или претплатете се на е-информаторот и сите информации ќе ги добивате на вашата е-адреса

ФинансирајГО

Истражување за финансиската и нефинансиската поддршка на граѓанските организации од локалните власти
   

 

 

Оваа интернет-страница е направена со финансиска поддршка од Европската унија. Содржината на интернет-страницата во целост е одговорност на партнерите и не секогаш ги одразува погледите и ставовите на Европската унија.

Terms Of UsePrivacy StatementCopyright 2024 by Softage
Back To Top