Локална демократија

Once Upon a Time...

Search
× Search
en-USmk-MKsq-AL
Language


Публикации од грантисти

Истражување „Користење на ЕУ фондовите од страна на општините во Република Македонија“ 21септ.
2019

Истражување „Користење на ЕУ фондовите од страна на општините во Република Македонија“

Целта на ова истражување е да даде објективна анализа за користењето на европските фондови од страна на општините, односно да ги проучи клучните предизвици со кои се соочуваат општините при аплицирањето и...
„Стратегија за соработка помеѓу владата и граѓанското...

„Стратегија за соработка помеѓу владата и граѓанското...

21 септември 2019
Во 2007 година, Владата на Република Македонија ја усвои првата Стратегија за соработка на Владата со граѓанското општество и Акциониот план 2007-2011 година. Така, Владата ја истакна важноста на граѓанското...

Во 2007 година, Владата на Република Македонија ја усвои првата Стратегија за соработка на Владата со граѓанското општество и Акциониот план 2007-2011 година. Така, Владата ја истакна важноста на граѓанското општество во целина, со што се отвори основата за нејзината соработка со ГО и презеде систематски пристап во зајакнувањето на основните услови за побрз и поефикасен развој на овој сектор. 

„Закон за локална самоуправа на Република Македонија“

„Закон за локална самоуправа на Република Македонија“

21 септември 2019
Со овој закон се уредуваат: надлежностите на општината; непосредното учество на граѓаните во одлучувањето; организацијата и работата на органите на општината; општинската администрација; актите на органите;...

Со овој закон се уредуваат: надлежностите на општината; непосредното учество на граѓаните во одлучувањето; организацијата и работата на органите на општината; општинската администрација; актите на органите; имот-сопственост на општината; надзорот над работата на органите на општината; распуштањето на советот на општината; механизмите на соработка меѓу општините и Владата на Република Македонија; месната самоуправа; заштитата на локалната самоуправа; утврдување на службени јазици во општините и други прашања од значење за локалната самоуправа.

Документ „Соработка помеѓу локалните власти и...

Документ „Соработка помеѓу локалните власти и...

21 септември 2019
Главната цел на студијата е увид во механизмите за меѓусекторска соработка и дијалошки механизми на локално ниво и на таа основа да се донесат серија препораки за понатамошен развој на методологијата и транспарентен...

Главната цел на студијата е увид во механизмите за меѓусекторска соработка и дијалошки механизми на локално ниво и на таа основа да се донесат серија препораки за понатамошен развој на методологијата и транспарентен систем за финансиска и нефинансиска поддршка за граѓанските организации, на локално ниво.

Публикација „Истражување на финансиската и нефинансиската поддршка на граѓанските организации од локалните власти”
25 ноември 2019

Публикација „Истражување на финансиската и нефинансиската поддршка на граѓанските организации од локалните власти”

На кој начин општините ги поддржуваат граѓанските организации? Дали соработката помеѓу локалната самоуправа и граѓанскиот сектор е подобрена? Кои општини јавно објавиле повик за проекти? Публикацијата “Истражување на финансиската и нефинансиската поддршка на граѓанските организации од локалните власти” ги содржи одговорите на овие прашања и многу повеќе. 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално ниво
27 декември 2019

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално ниво

Оваа публикација е подготвена за потребите на Институтот за човекови права „Лудвиг Болцман“ – БИМ-ФВ, Скопје, во рамките на проектот „Социјална инклузија и човекови права во Македонија“. Целта на проектот е примена на пристапот заснован на човековите права на полето на намалување на сиромаштијата и социјалната исклученост на национално и на локално ниво, што вклучува идентификување на ранливите групи, нивно директно вклучување во процесите на донесување одлуки што ќе влијаат врз нивниот живот, како и воспоставување систем за мониторинг и отчетност на носителите на обврски. Предмет на оваа анализа беше утврдување на состојбата, односно на потребите во однос на социјалното вклучување на локално ниво во следниве шест општини: Штип, Прилеп, Кичево, Сарај, Чашка и Радовиш. 

Учество на граѓани во носење на одлуки на локално ниво
27 декември 2019

Учество на граѓани во носење на одлуки на локално ниво

Еден од најделотворните механизми за зголемување на учеството и вклученоста на граѓаните во процесот на управување и за подобрување на стабилноста и безбедноста на заедниците е токму децентрализацијата. Децентрализацијата претставува процес за кој е потребно одржливо и организирано залагање на институциите вклучени на локално и централно ниво. Овој процес повлекува и постојано прилагодување на односите помеѓу разните учесници по пат на постојан дијалог и комуникација.

Прирачник за промовирање на принципите на демократско управување во советите на единиците на локалната самоуправа
27 декември 2019

Прирачник за промовирање на принципите на демократско управување во советите на единиците на локалната самоуправа

За правилно функционирање на Советот како „законодавно“ тело на локално ниво, кое ја води политиката и ги усвојува актите во општината, од суштинско значење е неговите членови и членки да поседуваат критични знаења во врска со законските права и надлежности кои тие ги имаат како избрани претставници/претставнички. Оттука, сметаме дека овој Прирачник во голема мера ќе го олесни добивањето на потребни знаења на членовите и членките на општинските совети, ќе разреши некои од дилемите со кои членовите и членките на советите се соочуваат во врска со законското работење. На крајот се надеваме дека употребата на Прирачникот ќе придонесе кон поголема ефикасност, ефективност, транспарентност и спроведување на надзор во вршењето на советничката функција на локално ниво. Прирачникот дава можност за размислување, односно го отвора хоризонтот за натамошно дејствување и креирање на поголема политичка волја од локалните избрани претставници и претставнички во насока на развивање на локалната демократија. 

Општини во РМ и ЕУ фондови

Општини во РМ и ЕУ фондови

Проширувањето на ЕУ е двонасочен процес. Новите земји членки добиваат корист со тоа што припаѓаат на организација која е најголем трговски блок во светот, со повеќе од 500 милиони потрошувачи. Од...
Извештај со активности за агенциите за локална демократија

Извештај со активности за агенциите за локална демократија

АЛДА ја координира и поддржува мрежата на 14 локални агенции за демократија (ЛДА) и 3 оперативни партнери (ОП) во нивните активности. АЛДА работи низ проширената Европа. Повеќето од локалните...
Нацрт-Анализа : Добро владеење на општинската...

Нацрт-Анализа : Добро владеење на општинската...

Проектот насловен како „Добро владеење на општинската демократија и граѓанското учество на ниво на локална самоуправа“ содржи активности кои се насочени кон иницирање општествени...
Прирачник за процесот на децентрализација во Република...

Прирачник за процесот на децентрализација во Република...

Децентрализација на власта значи ослободување на централната власт од дел од надлежностите и нивно пренесување на локално ниво, на Општините и на Градот Скопје.  Со децентрализацијата на...
Прирачник за градоначалници

Прирачник за градоначалници

Во ова издание дополнително се осврнуваме на улогата на Советот на единицата на локалната власт, односно на активностите и надлежностите што ги извршуваат општинските советници.Прирачникот има...
Стратегија на Град Скопје за соработка со граѓанските...

Стратегија на Град Скопје за соработка со граѓанските...

Граѓанскиот сектор, покрај јавниот и деловниот сектор, претставува важен партнер на локалната самоуправа во креирање и реализирање иницијативи за подобар живот на граѓаните. Токму улогата на...

E-информатор

Следете ги новостите во рамките на проектот или претплатете се на е-информаторот и сите информации ќе ги добивате на вашата е-адреса

ФинансирајГО

Истражување за финансиската и нефинансиската поддршка на граѓанските организации од локалните власти
   

 

 

Оваа интернет-страница е направена со финансиска поддршка од Европската унија. Содржината на интернет-страницата во целост е одговорност на партнерите и не секогаш ги одразува погледите и ставовите на Европската унија.

Terms Of UsePrivacy StatementCopyright 2024 by Softage
Back To Top