Локална демократија

Once Upon a Time...

Search
× Search
en-USmk-MKsq-AL
Language

The 12 Updated Principles of Good Local Governance 28ноем.
2023
5 работи кои треба да ги знаете за отворените податоци

5 работи кои треба да ги знаете за отворените податоци

12 ноември 2020
Што се тоа отворени податоци? Врз кои принципи се засноваат отворените податоци? Каква е законската рамка? Кои се придобивките од отворените податоци? Кои се препораките за отворање на податоците во...

Што се тоа отворени податоци? Врз кои принципи се засноваат отворените податоци? Каква е законската рамка? Кои се придобивките од отворените податоци? Кои се препораките за отворање на податоците во институциите? 

Одговорите на овие прашања можете да ги пронајдете во краткиот флаер подготвен од Фондација Метаморфозис во рамки на Проектот за граѓанско учество.

Пет клучни карактеристики на доброто владеење

Пет клучни карактеристики на доброто владеење

5 ноември 2020
Што е добро владеење? Зошто е важно доброто владеење? Кои се петте клучни карактеристики на доброто владеење?  Одговорите на овие прашања можете да ги најдете во публикацијата подготвена од Фондација...

Што е добро владеење? Зошто е важно доброто владеење? Кои се петте клучни карактеристики на доброто владеење? 

Одговорите на овие прашања можете да ги најдете во публикацијата подготвена од Фондација Метаморфозис во рамки на Проектот за граѓанско учество.

Иницијатива отворен град

Иницијатива отворен град

5 ноември 2020
Што е "Отворен град"?  За да можат граѓаните да ги почувствуваат придобивките од отворените податоци, градовите во денешно време треба да прават многу повеќе од единствено отворање на своите податоци....

Што е "Отворен град"? 
За да можат граѓаните да ги почувствуваат придобивките од отворените податоци, градовите во денешно време треба да прават многу повеќе од единствено отворање на своите податоци. Градските власти треба заеднички да работат со граѓаните и да ги користат отворените податоци за решавање на локалните проблеми и предизвици. 

Предлог - методологија за доделување на средства од општините на граѓанските организации
17 август 2020

Предлог - методологија за доделување на средства од општините на граѓанските организации

Во последните дваесет години во нашата држава значително се зголемува улогата на граѓанските организации во процесот на развој на демократското општество, унапредувањето на нивото на демократија и квалитетот на животот на локално и национално ниво. Нивната успешност во реализирањето на овие цели во голема мера зависи од соработката со локалните власти и поддршката што ја добиваат од нив. 

Извештај за проценка на состојбата на локалната демократија
8 јануари 2020

Извештај за проценка на состојбата на локалната демократија

Улогата на граѓанинот е фундаментална за континуирано подобрување на перформансите на демократските институции, особено за вистинскиот опстанок на демократијата. Во последниве години, видовме бројни примери на движења водени од луѓе на сите континенти. Во огромното мнозинство на случаи, граѓаните не протестираат против демократијата, туку тие бараат поголема демократија и демократија со повисок квалитет.Обидите за градење демократија и оригинална социјална трансформација бараат институционализирани механизми за зафаќање и структурирање на перспективите на граѓаните, аспирациите и визиите на нивните демократии. Проценките предводени од граѓаните го овозможуваат ова.

Состојбата на локалната демократија во Централна Европа
31 декември 2019

Состојбата на локалната демократија во Централна Европа

Иницијатива за реформи на локалната самоуправа и јавните служби (LGI), како една од програмите на Институтот отворено општество (ОСИ), е меѓународна организација за развој и давање грантови, посветена на поддршката на добро управување во земјите од Централна и Источна Европа (ЦИЕ) и Ново независните држави (НИС). Иницијатива за реформи на локалната самоуправа и јавните служби се обидува да ја исполни своjата мисија преку иницирање на истражување и поддршка на развојни и оперативни активности од областа на децентрализацијата, формирањето на јавната политика и реформата на јавната администрација.

Прирачник за градоначалници
31 декември 2019

Прирачник за градоначалници

Во ова издание дополнително се осврнуваме на улогата на Советот на единицата на локалната власт, односно на активностите и надлежностите што ги извршуваат општинските советници.Прирачникот има и големо симболично значење за ЗЕЛС и за општините, бидејќи преку него ЗЕЛС го воспоставува првиот чекор на взаемната комуникација со новоизбраните структури во сите нејзини членки, а тоа се сите 80 општини во Република Македонија, заедно со градот Скопје, како посебна единица на локалната власт. Прирачникот го отвора хоризонтот и за натамошното заедничко лобирање за подобрување на законската регулатива и обезбедувањето на поголема финансиска независност на општините, зајакнати општински совети, создавање на ефективна и ефикасна администрација и подобри општински услуги. Поточно, прирачникот треба да ја претставува основата за натамошно унапредување на заедничките напори во насока на обезбедување на модерни европски општини, во кои граѓаните ќе имаат добри услови за живот и квалитетни услуги.

Локална демократија и лидерство

Локална демократија и лидерство

Целта на овој напис е да се проценат импликациите на различните концепти на локалната демократија врз политичкото лидерство. Ние ја преземаме демократијата како идеја да промовираме заедничко...
ЛГИ - Лица на локалната демократија-Компаративни трудови...

ЛГИ - Лица на локалната демократија-Компаративни трудови...

Иницијативата за реформи на локалната самоуправа и јавните служби (ЛГИ), во партнерство со Центарот за истражување на Токвил (Т-РЦ) во Будимпешта, спроведува повеќегодишен проект под наслов...
RSS

E-информатор

Следете ги новостите во рамките на проектот или претплатете се на е-информаторот и сите информации ќе ги добивате на вашата е-адреса

ФинансирајГО

Истражување за финансиската и нефинансиската поддршка на граѓанските организации од локалните власти
   

 

This website was created with the financial support of the European Union. The content of the website is a responsibility of the partners and doesn't nessesarily reflects the views of the European Union.

Terms Of UsePrivacy StatementCopyright 2024 by Softage
Back To Top