Local democracy

Once Upon a Time...

Search
× Search
en-USmk-MK
Language

Проекти

Link 4 Cooperation

  • 20 јануари 2022
  • Author: ALDA Skopje
  • Number of views: 2244
  • 0 Comments
Link 4 Cooperation

Проектот „Зајакнување на локалното учество и соработка преку партнерство помеѓу јавните власти и граѓанските организации во Босна и Херцеговина-Link 4 Cooperation“ има за цел да ги промовира начелата на добро владеење во насока на ефективно и одговорно работење на единиците на локалната самоуправа во Босна и Херцеговина. Проектот ќе ги зајакне капацитетите на локалните власти (избрани лидери и државни службеници) и граѓанското општество во спроведувањето на партиципативни процеси. Со взаемна соработка, тие ќе идентификуваат конкретни проблеми на заедницата кои за кои ќе се изнајдат решенија благодарение на партиципативниот пристап. со консолидирање на пристапот во наредните години проектот ќе ги гради капацитети и ќе ги решава проблемите на локалната самоуправа во поголем број на општини. 

Главната целна група на проектот Link 4 Cooperation се 40 локални граѓански организации и grassroot организации од Босна и Херцеговина и 12 единици на локалната самоуправа – општинската администрација и локалните советници како локални носители на одлуки.

Главната цел на проектот е да се зајакне капацитетот на граѓанските организации вклучени во процесите на застапување за да станат обучен и доверлив партнер за локалните власти за креирање политики и реформи во Босна и Херцеговина.

Агенцијата за локална демократија (LDA) Мостар во партнерство со Агенцијата за локална демократија Завидовичи, Агенцијата за локална демократија Приједор, Центар за Развој на Херцеговина (CRH) Требиње, АЛДА – Европска асоцијација за локална демократија и АЛДА Скопје како партнер го спроведуваат овој три годишен проект наречен „Зајакнување на локалното учество и соработка преку партнерство помеѓу јавните власти и граѓанските организации во Босна и Херцеговина-Link 4 Cooperation“, финансиран од Европската Унија.

Повеќе за проектот на следниот линк.

Програмата на ELoGE во Босна и Херцеговина

Print
Categories: Проекти
Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x

Барај

Категории

ФинансирајГО

Истражување за финансиската и нефинансиската поддршка на граѓанските организации од локалните власти
   

 

 

Оваа интернет-страница е направена со финансиска поддршка од Европската унија. Содржината на интернет-страницата во целост е одговорност на партнерите и не секогаш ги одразува погледите и ставовите на Европската унија.

Terms Of UsePrivacy StatementCopyright 2024 by Softage
Back To Top