Локална демократија

Once Upon a Time...

Search
× Search
en-USmk-MKsq-AL
Language


Risi

Истражување - Партнерството мотор на демократијата 21Jan
2020

Истражување - Партнерството мотор на демократијата

Демократијата претставува облик на управување каде што државната власт произлегува од луѓето. Зборот „демократија“ води потекло од старогрчките зборови demos – што значи народ – и kratos...
Партнерството мотор на демократијата

Партнерството мотор на демократијата

21 janar 2020
Примарна цел на овој проект е унапредување на демократските процеси на локално ниво преку примена на корективни мерки и препораки во политиките на локалната власт заради засилено влијание на демократските процеси на...

Примарна цел на овој проект е унапредување на демократските процеси на локално ниво преку примена на корективни мерки и препораки во политиките на локалната власт заради засилено влијание на демократските процеси на национално ниво.Имајќи во предвид дека Општина Струмица е една од најјаките општини во државата, општина која со својот брз развој имплицира особено влијание во целокупниот разој на државата во сите сфери на општественото живеење, особено во демократските процеси а во таа насока и досегашните нејзини заложби да гради и практицира модел на граѓанско општество во кое сите ќе имаат еднакви можности , за нас како граѓанска организација ни беше мотив, низ еден зајакнат модел на партнерство помеѓу граѓанскиот сектор и локалната самоуправа, да потврдиме дека единствено оваа практика е мотор на демократијата.

Стратегија за локален економски развој 2019-2023 -...

Стратегија за локален економски развој 2019-2023 -...

21 janar 2020
Можности за развој постојат посебно во сферата на руралниот развој и алтернативниот туризам. Нашата општина располага со природни убавини и потенцијали, кои надополнети со подобра инфраструктура и прилив на...

Можности за развој постојат посебно во сферата на руралниот развој и алтернативниот туризам. Нашата општина располага со природни убавини и потенцијали, кои надополнети со подобра инфраструктура и прилив на инвестиции треба да придонесат кон подобар живот за населението во општината. Преку подобрување на условите за живот и работа на локалното население сакаме младите да останат во општината и тука да го градат својот живот.

"Жителите од Шарпланинските села и граѓанските...

"Жителите од Шарпланинските села и граѓанските...

21 janar 2020
Со оглед на тоа што планинскиот туризам преставува важен сегмент од целокупната туристичка активност со сериозен потенцијал и објективни можности, истиот во блиска иднина, ќе биде генератор на идниот локален...

Со оглед на тоа што планинскиот туризам преставува важен сегмент од целокупната туристичка активност со сериозен потенцијал и објективни можности, истиот во блиска иднина, ќе биде генератор на идниот локален туристички и економски развој на местата, селата под Шар Планина (рурални средини), нивно меѓусебно поврзување со креирање на патеки за планинарење, планиски велосипедизам, турно скијање и движење со дрезги (snowshoe). За сето ова, потребно е да се обезбедат, дефинираат цели, за единственост на регионот како туристичката содржина, со посебен акцент на руралните средини, предностите за развој на одредени места во овие средини и вредностите на Шар Планина.

Анализа на резултати од теренска и он-лајн анкета за потребите на граѓаните во рамките на проектот "Активирај се - Одлучувај каде општината ќе ги троши твоите пари "
21 janar 2020

Анализа на резултати од теренска и он-лајн анкета за потребите на граѓаните во рамките на проектот "Активирај се - Одлучувај каде општината ќе ги троши твоите пари "

Состојбата со партиципативната демократија во неколку општини на Југозападниот регион поточно во општините Маврово и Ростуше, Центар Жупа и Дебар во последите години е на многу ниско ниво. Споменатите општини спаѓаат во групата на мали општини, посебно двете рурални општини Маврово - Ростуше и Центар Жупа кои се печалбарски општини со голем број на села и познати по начинот на негување на старите традиции, каде повеќето од семејствата се нецелосни бидејќи поголемиот дел од мажите се наоѓаат на привремена работа во западните Европски земји во потрага за обезбедување на семејната егзистенција. Печалбарите од овие општини иако се одалечени од своите домови тие редовно учествуваат и помагаат во реализирање на низа инфраструктурни и други проекти за унапредување на животот во нивните родни места.

1234

Барај

ФинансирајГО

Истражување за финансиската и нефинансиската поддршка на граѓанските организации од локалните власти
   

 

 

Оваа интернет-страница е направена со финансиска поддршка од Европската унија. Содржината на интернет-страницата во целост е одговорност на партнерите и не секогаш ги одразува погледите и ставовите на Европската унија.

Copyright 2024 by Softage
Back To Top