Локална демократија

Once Upon a Time...

Search
× Search
en-USmk-MKsq-AL
Language


Risi

Форумот потврди дека партнерството е клучно за локалната демократија!

  • 13 qershor 2019
Форумот потврди дека партнерството е клучно за локалната демократија!

Форумот „Партнерството е клучно за локалната демократија: Нови начини на соработка помеѓу локалните власти и граѓанскиот сектор“ се одржа на 11 и 12 јуни 2019 година во Скопје.

На настанот учествуваа повеќе од 80 учесници и панелисти од различни сектори и разноврсни работни средини од Северна Македонија, Балканот и ЕУ. Учесниците дискутираа на темите: ефикасно партнерство помеѓу граѓанските организации и локалните власти; поддршка за граѓанските организации од страна на локалните власти; традиционални и нови начини на граѓанско учество; и локални партнерства преку меѓународна соработка кои поттикнаа дебата и различни релевантни размисли и размени помеѓу учесниците.

Главната порака пренесена за време на Форумот беше дека граѓанското општество е клучно во процесот на демократизација и е особено ефикасно и видливо на локално ниво. Претставниците од општините ги споделија позитивните резултати постигнати како резултат на соработката со граѓанските организации потврдувајќи го заклучокот и охрабрувајќи ги другите општини да ја реплицираат оваа практика.

Заедничкиот заклучок на учесниците на Форумот беше дека во сегашниот политички контекст во Европа граѓанското општество треба да се прилагоди и да практикува нови идеи бидејќи тоа е станато конститутивен дел од демокраските процеси и нивното одржување. Процесот на децентрализација преку повеќесекторско партнерство и меѓународна соработка беше идентификувана како најдобра мерка за да се постигне поскуваниот реултат.

Форумот беше организиран од страна на АЛДА Скопје во рамки на проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“ и е поддржан од страна на Европска Унија и Централно-европската иницијатива (ЦЕИ).

x

Барај

ФинансирајГО

Истражување за финансиската и нефинансиската поддршка на граѓанските организации од локалните власти
   

 

 

Оваа интернет-страница е направена со финансиска поддршка од Европската унија. Содржината на интернет-страницата во целост е одговорност на партнерите и не секогаш ги одразува погледите и ставовите на Европската унија.

Copyright 2024 by Softage
Back To Top