Локална демократија

Once Upon a Time...

Search
× Search
en-USmk-MKsq-AL
Language


Risi

Финализирање на форумите за „Финансиската и нефинансиската поддршка на граѓанските организации од локалните власти“

  • 28 shkurt 2019
Финализирање на форумите за „Финансиската и нефинансиската поддршка на граѓанските организации од локалните власти“

Втората половина од предвидените форуми на тема „Финансиската и нефинансиската поддршка на граѓанските организации од локалните власти“ беа организирани во Велес, Гостивар, Струмица и Куманово од страна на Здружението на финансиски работници на локална самоуправа и јавни претпријатија – Велес во периодот од декември 2018 до фебруари 2019 година.

Серијата на форуми се финализираше со настан организиран во Куманово, каде преставници од повеќе општини и граѓанските организации од Североисточниот плански регион дискутираа за помошта што ја нудат опшините на граѓанските организации и кои се целите на таа помош. Како и во другите плански региони, учесниците се согласија дека потребно е подобрување на процедурите и поголема транспарентност од страна на општините. 

8 форуми имаа за цел да им овозможат на преставниците на граѓанскиот сектор и локалната самоуправа од сите плански региони да дискутираат за моменталната состојба на нивната соработка и на кој начин може да се подобри комуникацијата на двата сектора како и да се промовира истражувањето на Здружението на финансиски работници на тема „Финансиската и нефинансиската поддршка на граѓанските организации од локалните власти  - состојби, можности и предизвици“. 

Форумите беа организирани во рамките на проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократиja”, реализиран од страна на Европската асоцијација за локалната деморатија (АЛДА) Скопје, Здружението на финансиските работници во локалната самоуправа и јавните претпријатија (ЗФР) и Европското движење. Проектот е финансиски поддржан од Европската унија во рамките на ИПА 2 програмата.
 

x

Барај

ФинансирајГО

Истражување за финансиската и нефинансиската поддршка на граѓанските организации од локалните власти
   

 

 

Оваа интернет-страница е направена со финансиска поддршка од Европската унија. Содржината на интернет-страницата во целост е одговорност на партнерите и не секогаш ги одразува погледите и ставовите на Европската унија.

Copyright 2024 by Softage
Back To Top