Локална демократија

Once Upon a Time...

Search
× Search
en-USmk-MKsq-AL
Language


Risi

Повик за обуки за претставници на граѓански организации и општини

  • 19 nëntor 2017
Повик за обуки за претставници на граѓански организации и општини

Подружницата на Асоцијацијата на агенции за локална демократија – АЛДА Скопје, Европското движење и Здружението на финансиски работници на локалната самоуправа и јавните претпријатија – Велес објавува 

Повик за обуки за претставници на граѓански организации и локални самоуправи

Во рамките на проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“ ќе се спроведат серија бесплатни дводневни обуки наменети за претставници на граѓанските организации и локалните власти.

1. Обука „Алатки за локална демократија” 

2. Обука „Локални финансии: буџетирање и транспарентност“

3. Обука „Како да се креира транспарентен процес за финансирање на граѓанските организации од буџетот на локалните власти – методологија“

4. Обука: „Раководење со проектен циклус и ЕУ фондови“ 

Повеќе детали за секоја обука можете да прочитате тука.

Проектот има за цел да го зајакне влијанието на организациите од граѓанското општество во јавните политики на локално ниво. Активностите придонесуваат кон воспоставување на соработка помеѓу граѓанските организации и локалните власти како и креирање на овозможувачко финансиско опкружување за мали локални организаци. Овој проект ќе овозможи зајакнување на улогата на граѓанските организации како клучен фактор во процесот на пристапување кон ЕУ.

Проектот е финансиски поддржан од Европската Унија преку ИПА програмата за граѓанско општество и програмата за медиуми 2015. Обуките се кофинансирани во рамките на програмата за соработка Нормандија – Македонија. 

Начин на пријавување: Секој заинтересиран/а кандидат/ка потребно е да го потполни и достави Образецот за пријавување

Рок за пријавување: Пополнетиот образец за пријавување доставете го до cso.democracy@aldaintranet.org најдоцна до 10 ноември 2017 година. Сите трошоци за обуките се обезбедени од организаторот. 

Образец за пријавување
Детален повик

x

Барај

ФинансирајГО

Истражување за финансиската и нефинансиската поддршка на граѓанските организации од локалните власти
   

 

 

Оваа интернет-страница е направена со финансиска поддршка од Европската унија. Содржината на интернет-страницата во целост е одговорност на партнерите и не секогаш ги одразува погледите и ставовите на Европската унија.

Copyright 2024 by Softage
Back To Top