Локална демократија

Once Upon a Time...

Search
× Search
en-USmk-MKsq-AL
Language


Risi

Панел дискусија : Рурален развој – урбани перспективи

  • 31 janar 2020
Панел дискусија : Рурален развој –  урбани перспективи

Последната панел дискусија во рамките на проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“ насловена „Европските интеграции во Северноисточниот плански регион: Рурален развој –  урбани перспективи“ се одржа на 31.01.2020  година во салата на Советот на Општина Куманово во организација на Европското движење во Република Северна Македонија. 

Панелот обедини голем број на преставници од локалната самоуправа, граѓанскиот сектор како и земјоделци од регионот кои имаа можност да дискутираат за своите проблеми и да побараат совет или помош за тоа како да се подобри нивната ситуација. 

Панелистите ја претставија моменталната состојба на земјоделието во државата, ИПАРД програмата и останатите програми за предпристапна помош и се осврнаа на предлози како земјоделците да бидат повклучени во креирањето на политиките. 

Во текот на дискусијата, образованието и недоволниот пристап до знаења и информации беа потврдени како најсуштинските проблеми од страна на земјоделците. Дел од присутните истакнаа дека се соочуваат со административни потешкотии и трошат многу време работејќи административни задачи наместо да работат на нивите. 

Панел дискусијата беше организирана во рамките на „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“ финансиски поддржан од страна на Европската унија. 
 

x

Барај

ФинансирајГО

Истражување за финансиската и нефинансиската поддршка на граѓанските организации од локалните власти
   

 

 

Оваа интернет-страница е направена со финансиска поддршка од Европската унија. Содржината на интернет-страницата во целост е одговорност на партнерите и не секогаш ги одразува погледите и ставовите на Европската унија.

Copyright 2024 by Softage
Back To Top