Локална демократија

Once Upon a Time...

Search
× Search
en-USmk-MKsq-AL
Language


Risi

Завршна конференција „Локалната демократија – идеал или практика“

  • 21 janar 2020

На 22 јануари 2020 година во хотел Континентал во Скопје ќе се одржи завршната конференција на проектот „Граѓанските организации во служба на локалната деморатија“. 

Во рамките на настанот ќе се презентираат резултатите и достигнувањата на тригодишниот проектот во врска со локалната демократија во нашата земја. На конференцијата ќе учествуваат претставници од граѓанското општество и локалните власти, како и други засегнати страни вклучени во проектот. На конференцијата ќе се обратат спроведувачите на проектот и претставници од институциите и граѓанските организации.

За да одговори на прашањето „идеaл или практика“ настанот ќе опфати дискусии на неколку теми како што се: соработка помеѓу граѓанските организации и локалната самоуправа; финансиската и нефинансиската поддршка на граѓанските организации од локалните власти и вклучување на граѓанските организации и локалната самоуправа во процесот на европска интеграција. Како дел од грантовата шема на проекот ќе бидат споделени искуства од спроведен проект на локално ниво. 

Проектот резултираше со иницијатива за формирање на мрежа за локална демократија. Партнерите и грантистите на проектот ќе потпишат меморандум за формирање на мрежата за локална демократија по одржувањето на завршната конференција. 

Проектот „Граѓанските организации во служба на локалната деморатија“ беше имплементиран преку ИПА програмата за поддршка на граѓанското општество и програмата за медиуми 2015.
 

x

Барај

ФинансирајГО

Истражување за финансиската и нефинансиската поддршка на граѓанските организации од локалните власти
   

 

 

Оваа интернет-страница е направена со финансиска поддршка од Европската унија. Содржината на интернет-страницата во целост е одговорност на партнерите и не секогаш ги одразува погледите и ставовите на Европската унија.

Copyright 2024 by Softage
Back To Top