Локална демократија

Once Upon a Time...

Search
× Search
en-USmk-MKsq-AL
Language


Risi

Обуки за граѓанските организации и општините

  • 4 dhjetor 2019
Обуки за граѓанските организации и општините

Во рамките на проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“, во текот на декември 2019 година ќе се одржат две дводневни обуки чија цел е зајакнување на капацитетите на организациите и општините. 

Обуката Раководење со проектен циклус и ЕУ фондови ќе се одржи на 16-17 декември во Скопје. На оваа тема учесниците ќе се запознаат со проектен циклус, информации за ЕУ фондовите наменети за граѓанските организации и локалните самоуправи, со крајна цел подобрување на квалитетот на подготовка и имплементација на проектите од страна на локалните самоуправи и граѓанските организации.

Обуката Алатки за локална демократија и партиципативно буџетирање ќе се одржи во Охрид на 23-24 декември. Целта на обуката е учесниците да се запознаат со концептот на локална демократија, процесот на донесување на одлуки на локално ниво и можностите за вклучување на граѓанскиот сектор во процесот на донесување јавни политики како и со концептот на локален буџет. 

На секоја од обуките, ќе учествуваат вкупно 20 претставници на граѓански организации и општини. Обуките ќе бидат реализирани на македонски јазик од страна на искусни обучувачи, со долгогодишно искуство во спроведување обуки и експертиза во темата на обуките. 

Заинтересираните претставници од граѓански организации и општини можат да се пријават до 11 декември 2019 година преку овој формулар.

Деталниот повик за учество е достапен на следната врска

x

Барај

ФинансирајГО

Истражување за финансиската и нефинансиската поддршка на граѓанските организации од локалните власти
   

 

 

Оваа интернет-страница е направена со финансиска поддршка од Европската унија. Содржината на интернет-страницата во целост е одговорност на партнерите и не секогаш ги одразува погледите и ставовите на Европската унија.

Copyright 2024 by Softage
Back To Top