Локална демократија

Once Upon a Time...

Search
× Search
en-USmk-MKsq-AL
Language

Дигитална библиотека

Документ „Соработка помеѓу локалните власти и граѓанското општество во Република Македонија“

Документ „Соработка помеѓу локалните власти и граѓанското општество во Република Македонија“

Главната цел на студијата е увид во механизмите за меѓусекторска соработка и дијалошки механизми на локално ниво и на таа основа да се донесат серија препораки за понатамошен развој на методологијата и транспарентен систем за финансиска и нефинансиска поддршка за граѓанските организации, на локално ниво.

Бриф: Референдум на локално ниво: реалност или фикција? - Препораки

Бриф: Референдум на локално ниво: реалност или фикција? - Препораки

"Јакнење на капацитетите на граѓанските организации за остварување на правата на граѓаните за референдум на локално ниво" претставува 12-месечен проект на Институтот за стратешки истражувања и едукација (ИСИЕ) од Скопје кој ќе биде имплементиран во периодот од март 2018 до февруари 2019 година. 
Проектот е насочен кон зголемување на свеста за можностите за непосредното учество на граѓаните во донесувањето на одлуките, преку нивно изјаснување на референдум. Проектот е фокусиран кон засилување на капацитетите на целните групи преку обуки, симулации, тркалезна маса и создавање на документ за креирање на политики, но и подобрување на информираноста на граѓаните и достапните информации преку веб-сајт, кампања на социјалните мрежи и стории во медиумите. 

Референдум на локално ниво: реалност или фикција? - студија за проценка на состојбата

Референдум на локално ниво: реалност или фикција? - студија за проценка на состојбата

"Јакнење на капацитетите на граѓанските организации за остварување на правата на граѓаните за референдум на локално ниво" претставува 12-месечен проект на Институтот за стратешки истражувања и едукација (ИСИЕ) од Скопје кој ќе биде имплементиран во периодот од март 2018 до февруари 2019 година. 
Проектот е насочен кон зголемување на свеста за можностите за непосредното учество на граѓаните во донесувањето на одлуките, преку нивно изјаснување на референдум. Потребно е да бидат зајакнати капацитетите на граѓанските организации со цел тие да може да се јават како иницијатори за спроведување на референдум и да обезбедат соодветна мобилизација на граѓаните.

Водич за референдум на локално ниво

Директни корисници на проектот се: 1) локалните граѓански организации во Скопскиот плански регион; 2) граѓанските неформални групи и јадра; 3) граѓанските индивидуални активисти; 4) претставниците на општините; и 5) локалните медиуми. Партнери при спроведувањето на проектот се општините Арачиново, Гази Баба и Бутел. 

Стратегија за млади на Општина Крушево 2019-2023

Стратегија за млади на Општина Крушево 2019-2023

Во периодот од март 2018 година до октомври 2018 година, Младински Совет Прилеп одржа серија на активности со цел мапирање на потребите и проблемите на младите во Општина Крушево, активности за воспоставување структура за подготовка на локална младинска стратегија, како и активности за утврдување на потребите и можните решенија кои треба да ја сочинуваат содржината на локалната младинска стратегија. Целта на овие активности беше креирање на Локална младинска стратегија (ЛМС) на Општина Крушево, а спроведувањето на стратегијата ќе придонесе кон подобрување на генералната состојба на младите преку зголемено активно учество во политичкиот, социјалниот, економскиот и културниот живот во локалната заедница.

Ставовите на младите во Општина Крушево по однос на младинските потреби

Ставовите на младите во Општина Крушево по однос на младинските потреби

Проектот опфаќа активности за воспоставување структура за подготовка на локални младински стратегии, како и активности за утврдување на потребите и можните решенија кои треба да ја сочинуваат содржината на локалната младинска стратегија.Со цел фокусирање на најприоритетните проблеми за младите во Крушево, преку реализација на фокус група се селектираа приоритети на кои понатаму ќе се однесува стратегијата. Приоритетите за Крушево беа Култура, Образование, Спорт, Здравје и Младинско учество. За детектирање на состојбата во овие приоритети беше спроведена електронска анкета за млади луѓе на возраст од 15 – 29 години, како и тематски фокус групи.

Брошура - Кампања за создавање позитивни животни практики, здрави навики и вредности

Брошура - Кампања за создавање позитивни животни практики, здрави навики и вредности

Спроведувањето на децата во отворен простор и природа и извршувањето на физички, креативни и комуникациски активности на отворен простор, нуди една сосема поинаква перспектива на пристап на решавање на потребните работи, наспроти акуелната практика на решавање на сите прашања во затворен простор. Активното вклучување на децата во спорт на отворено, ќе придонесе тие да негуваат креативни, иновативни и комуникативни вредности.

Анализа на резултати од теренска и он-лајн анкета за потребите на граѓаните во рамките на проектот "Активирај се - Одлучувај каде општината ќе ги троши твоите пари "

Анализа на резултати од теренска и он-лајн анкета за потребите на граѓаните во рамките на проектот "Активирај се - Одлучувај каде општината ќе ги троши твоите пари "

Состојбата со партиципативната демократија во неколку општини на Југозападниот регион поточно во општините Маврово и Ростуше, Центар Жупа и Дебар во последите години е на многу ниско ниво. Споменатите општини спаѓаат во групата на мали општини, посебно двете рурални општини Маврово - Ростуше и Центар Жупа кои се печалбарски општини со голем број на села и познати по начинот на негување на старите традиции, каде повеќето од семејствата се нецелосни бидејќи поголемиот дел од мажите се наоѓаат на привремена работа во западните Европски земји во потрага за обезбедување на семејната егзистенција. Печалбарите од овие општини иако се одалечени од своите домови тие редовно учествуваат и помагаат во реализирање на низа инфраструктурни и други проекти за унапредување на животот во нивните родни места.

"Жителите од Шарпланинските села и граѓанските организации со заедничка соработка за придонес во развојот на планинскиот туризам во руралните средини на Општина Тетово"

"Жителите од Шарпланинските села и граѓанските организации со заедничка соработка за придонес во развојот на планинскиот туризам во руралните средини на Општина Тетово"

Со оглед на тоа што планинскиот туризам преставува важен сегмент од целокупната туристичка активност со сериозен потенцијал и објективни можности, истиот во блиска иднина, ќе биде генератор на идниот локален туристички и економски развој на местата, селата под Шар Планина (рурални средини), нивно меѓусебно поврзување со креирање на патеки за планинарење, планиски велосипедизам, турно скијање и движење со дрезги (snowshoe). За сето ова, потребно е да се обезбедат, дефинираат цели, за единственост на регионот како туристичката содржина, со посебен акцент на руралните средини, предностите за развој на одредени места во овие средини и вредностите на Шар Планина.

Стратегија за локален економски развој 2019-2023 - Општина Старо Нагоричане

Стратегија за локален економски развој 2019-2023 - Општина Старо Нагоричане

Можности за развој постојат посебно во сферата на руралниот развој и алтернативниот туризам. Нашата општина располага со природни убавини и потенцијали, кои надополнети со подобра инфраструктура и прилив на инвестиции треба да придонесат кон подобар живот за населението во општината. Преку подобрување на условите за живот и работа на локалното население сакаме младите да останат во општината и тука да го градат својот живот.

Партнерството мотор на демократијата

Партнерството мотор на демократијата

Примарна цел на овој проект е унапредување на демократските процеси на локално ниво преку примена на корективни мерки и препораки во политиките на локалната власт заради засилено влијание на демократските процеси на национално ниво.Имајќи во предвид дека Општина Струмица е една од најјаките општини во државата, општина која со својот брз развој имплицира особено влијание во целокупниот разој на државата во сите сфери на општественото живеење, особено во демократските процеси а во таа насока и досегашните нејзини заложби да гради и практицира модел на граѓанско општество во кое сите ќе имаат еднакви можности , за нас како граѓанска организација ни беше мотив, низ еден зајакнат модел на партнерство помеѓу граѓанскиот сектор и локалната самоуправа, да потврдиме дека единствено оваа практика е мотор на демократијата.

Истражување - Партнерството мотор на демократијата

Истражување - Партнерството мотор на демократијата

Демократијата претставува облик на управување каде што државната власт произлегува од луѓето. Зборот „демократија“ води потекло од старогрчките зборови demos – што значи народ – и kratos – што значи власт.Начелата на современата демократија постапно се развија од калвинистичкото религиозно движење во текот на 17-тиот век, особено во Шкотска, Англија и Холандија, каде што заедниците започнале да се поддржуваат и да ги споделуваат не само религиозните, туку и политичките идеи. Се појави филозофијата на слобода и еднаквост за сите и тие беа натаму зајакнати во текот на периодот на просветителството, за подоцна да бидат признати како основни вредности на демократијата. Првата модерна демократска држава беше формирана во САД, додека Франција беше првата европска држава којашто беше изградена врз демократски принципи, по завршувањето на Француската револуција.

Истражување - Партнерството мотор на демократијата

Истражување - Партнерството мотор на демократијата

Центарот за истражување и анализи НОВУС во рамките на проектот „Партнерството мотор на демократијата“- Граѓанските организации активен партнер во креирањето, носењето и спроведувањето на локалните политики во Општина Струмица, како и функционирањето на правосудниот систем во локалната заедница во функција на унапредувањето на демократските процеси во локалната заедница и градењето граѓанско општество со еднакви можности за сите, во соработка со општина Струмица ре-грантиран преку проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“, финансиски поддржан од Европската Унија имплементиран од Европска Асоцијација за Локална Демократија АЛДА, Здружението на финансиски работници на локалните самоуправи и јавните претпријатија и Европското движење на Република Македонија реализираше и спроведе истражување за тоа каква е перцепцијата на граѓаните за независноста и објективноста на судството во општина Струмица.
 
Брошура - Учество на јавноста во донесување одлуки

Брошура - Учество на јавноста во донесување одлуки

Учеството на граѓаните во процесот на донесување на одлуки е процес кој е од суштинско значење за локалната демократија. Овој процес овозможува транспарентност во работењето на локалнта самоуправа, но воедно и овозможува поголема одговорност на локалните валсти при донесувањето на одлуки. Нeопходна е двонасочна комуникација во споделување на информации за локалните политики и локалната власт: граѓаните се обраќаат до локалната власт со прашањата кои ги засегаат, а локалната власт ги информира граѓаните за спроведувањето на локалните политики. Вклученоста на граѓаните во работењето на општините е овозможена со законите и општинските статути и акти.

Брошура - Моја општина, мое право

Брошура - Моја општина, мое право

Граѓаните и граѓанските здруженија особено треба да се интересираат за новите типови на одлуки, алтернативите за вклучување во процесот на одлучување и правото на жалба. Тие можат ефективно да го зголемат своето знаење преку присуствување на семинари и работилници, размена на искуства со други организации, читање на стручна литература, гледање на образновни видео материјали итн.
Граѓански буџет на Општина Кавадарци за 2019 година

Граѓански буџет на Општина Кавадарци за 2019 година

Во овој документ може сликовито и детално да се погледне граѓанскиот буџет на општина Кавадарци за 2019 година. (Приходи и расходи)
Моја општина, мое право

Моја општина, мое право

Бидете добро информирани: Граѓаните и граѓанските здруженија особено треба да се интересираат за новите типови на одлуки, алтернативите за вклучување во процесот на одлучување и правото на жалба. Единствено добро информираните граѓани и граѓански здруженија можат значајно да придонесат кон процесот на одлучување и да реагираат при прекршување на основинте права и слободи.

Барај

E-информатор

Следете ги новостите во рамките на проектот или претплатете се на е-информаторот и сите информации ќе ги добивате на вашата е-адреса

ФинансирајГО

Истражување за финансиската и нефинансиската поддршка на граѓанските организации од локалните власти
   
Оваа интернет-страница е направена со финансиска поддршка од Европската унија. Содржината на интернет-страницата во целост е одговорност на партнерите и не секогаш ги одразува погледите и ставовите на Европската унија.

Terms Of UsePrivacy StatementCopyright 2024 by Softage
Back To Top