Локална демократија

Once Upon a Time...

Search
× Search
en-USmk-MKsq-AL
Language


Новости

Нова книга за децентрализирана соработка во Европа

  • 29 јануари 2019
Нова книга за децентрализирана соработка во Европа

"Во работењето со заедниците на долгорочен партиципативен и локален пристап, децентрализираната соработка има голема моќ за издејствување на промени и влијание врз граѓаните и институциите. Фактот дека понекогаш не може да ги достигне очекуваните резултати не се должи на фактот дека методите се погрешни, односно се должи на тоа дека и понатаму останува со недоволна финансиска и политичка поддршка на среден и долг рок ".

Овој цитат од Антонела Валморбида накратко го опишува основниот концепт на нејзината новоиздадена книга, “Децентрализираната соработка во Европа: поттик за развој и учество на локалните власти и граѓанското општество”. Госпоѓа Валморбида како експерт во областа на децентрализираната соработка изјавува дека Европа може да биде вистински лидер во во оваа област бидејќи го заснова сопствениот развој на локална и регионална автономија.

Презентацијата на книгата ќе се одржи на 5 февруари 2019 година во центарот за документација на Комитетот на регионите, во Брисел, од 14:30 до 15:30 часот, како дополнителен настан на Форумот за градовите и регионите за соработка и развој. Презентацијата нема да се состои само од претставување на книгата, туку ќе биде дизајнирана како тркалезна маса, со цел да се воспостави конструктивна размена на мислења и ставови за децентрализираната соработка во Европа во денешно време како и во иднина.

Сесијата ќе ја модерира Кен Годфри, извршен директор на Европското партнерство за демократија, а на неа учество ќе земат г-ѓа Афеф Задем, делегат на Агенцијата за локална демократија (ЛДА) од Керуан, Тунис, г. Радуне Буден, Градоначалник на Керуан и г-ѓа Серена Форачија, Советник за меѓународен град Реџо Емилија, Италија.

Доколку сакате да се регистрирате на настанот, контактирајте го Франческо Пала на francesco.pala@aldaintranet.org најдоцна до 1 февруари 2019 година.

Подолу можете да ја погледнете кратка презентација на книгата „Децентрализираната соработка во Европа: поттик за развој и учество на локалните власти и граѓанското општество“  на англиски јазик.

Documents to download

Print
Categories: Новости
Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x

Барај

E-информатор

Следете ги новостите во рамките на проектот или претплатете се на е-информаторот и сите информации ќе ги добивате на вашата е-адреса

ФинансирајГО

Истражување за финансиската и нефинансиската поддршка на граѓанските организации од локалните власти
   

 

 

Оваа интернет-страница е направена со финансиска поддршка од Европската унија. Содржината на интернет-страницата во целост е одговорност на партнерите и не секогаш ги одразува погледите и ставовите на Европската унија.

Terms Of UsePrivacy StatementCopyright 2024 by Softage
Back To Top