Локална демократија

Once Upon a Time...

Search
× Search
en-USmk-MKsq-AL
Language


Новости

Панел дискусија на тема Европски интеграции во Берово

  • 3 декември 2018
Панел дискусија на тема Европски интеграции во Берово

На 30.11.2018 год. во хотел “Манастир”, Берово Европското движење во Република Македонија (ЕДРМ) во соработка со општината Берово и други граѓански здруженија  одржа панел дискусија на тема: “Европските интеграции во развојните перспективи на Општина Берово и Источниот плански регион”.

На настанот присуствуваа Градоначалниците на Општините Берово и Пехчево,  професори и членови на Европско движење во Република Македонија како и претставници на други невладини организации.

Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски во своето обраќање ја истакна важноста на Европските фондови и можностите за прекугранична соработка за инфраструкторалниот развој на мали општини, како што е Берово. Свое обраќање имаше и Градоначалникот на општина Пехчево, Драган Тренчовски, акцентирајќи ја соработката која што треба да постои помеѓу општините- особено кај помалите, изведувајќи заклучок дека нивниот успех лежи во заедничката работа, како што е примерот со општините Берово, Пехчево и Делчево. 

Панел дискусијата е организирана во рамките на проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија, спроведуван од страна на  АЛДА, Европското движење на Р.Македнија, Здружение на финансиски работници на локалните самоуправи и јавните претпријатија и Локална самоуправа Велес финансиран од ИПА - 2 механизмот за подршка на граѓанските здруженија.

Print

Name:
Email:
Subject:
Message:
x

Барај

E-информатор

Следете ги новостите во рамките на проектот или претплатете се на е-информаторот и сите информации ќе ги добивате на вашата е-адреса

ФинансирајГО

Истражување за финансиската и нефинансиската поддршка на граѓанските организации од локалните власти
   

 

 

Оваа интернет-страница е направена со финансиска поддршка од Европската унија. Содржината на интернет-страницата во целост е одговорност на партнерите и не секогаш ги одразува погледите и ставовите на Европската унија.

Terms Of UsePrivacy StatementCopyright 2024 by Softage
Back To Top