Локална демократија

Once Upon a Time...

Search
× Search
en-USmk-MKsq-AL
Language


Новости

Презентација на иновациски игри и детски маалски игри во две училишта во Велес

  • 9 ноември 2018
Презентација на иновациски игри и детски маалски игри во две училишта во Велес

На ден 09.11.2018 година во ООУ “Васил Главинов” и ООУ “Кирил и Методиј” - Општина Велес беа спроведени две активности: „Активности за иновациски игри” и „Спортување на улица, на маало “како дел од проектот “Кампања за создавање на позитивни животни практики, здрави навики и вредности!”

На двата настани беа поканети и учествуваа околу 30 деца од 5-то и 6-то одд, каде што имаа можност да запознаат нови, иновациски игри и да ги спроведат своите детски игри кои ги играат на улица во нивните училишта. Во улога на ментори при споведувањето на овие активности се јавија наставниците по физичко образование, Весна Николова и Наташа Коцева.

Во рамки на првата активност децата уживаа играјќи бадминтон и твистер, а втората активност беше наменета за игри кои децата ги играат на улица и своите маала – баскет, ластик и скокање јаже.

Преку успешноста при спроведувањето на овие активности јасно e дека и покрај актрактивноста на новите технолошки уреди и играчки и симпатиите којшто ги имаат децата кон истите, сепак голем број од децата ги познаваат овие игри и редовно уживаат и се забавуваат додека ги играат.

Проектните активности се спроведуваа заедно со партнерите на овој проект – Општина Велес, Општина Градско, ООУ „Даме Груев“ – Градско, ООУ „Васил Главинов“ – Велес и ООУ Кирил и Методиј – Велес, како и Вардарскиот плански регион. 

Проектот „ Кампања за создавање на позитивни животни практики,здрави навики и вредности!“ е имплементиран во рамки на проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“ спроведен од АЛДА Скопје, Европско движење Македонија и Здружението на финансиски работници  на локалната самоуправа и јавни претпријатија со финансиска поддршка на Европската унија преку ИПА 2 инструментот.

Повеќе информации за регрантираните проекти на следната ВРСКА.

Print

Name:
Email:
Subject:
Message:
x

Барај

E-информатор

Следете ги новостите во рамките на проектот или претплатете се на е-информаторот и сите информации ќе ги добивате на вашата е-адреса

ФинансирајГО

Истражување за финансиската и нефинансиската поддршка на граѓанските организации од локалните власти
   

 

 

Оваа интернет-страница е направена со финансиска поддршка од Европската унија. Содржината на интернет-страницата во целост е одговорност на партнерите и не секогаш ги одразува погледите и ставовите на Европската унија.

Terms Of UsePrivacy StatementCopyright 2024 by Softage
Back To Top