Локална демократија

Once Upon a Time...

Search
× Search
en-USmk-MKsq-AL
Language


Новости

Дебата за регрантирање

  • 31 октомври 2018
Дебата за регрантирање

На 30 октомври 2018 година, во хотелот Стоун Бриџ во Скопје, Македонскиот центар за меѓународна соработка, во рамки на Граѓанскиот ресурсен центар организираше дебата посветена на регрантирањето, научените лекции, перспективи и предизивици. 

Дебатата имаше за цел  споделување на регионални и национални искуства, практики и научени лекции од регрантирањето како механизам за поддршка на помалите граѓански организации. Настанот претставуваше одлична можност за организациите да дебатираат и да дискутираат за перспективите и предизвиците на регрантирањето, но и воедно да дадат предлози за подобрување на овој механизам.

Во рамки на сесијата наменета за споделување на национални искуства од страна на организации кои биле во улога на донор- организации свое обраќање имаше и Катица Јанева, од АЛДА Скопје која ги сподели искуствата од ре-грантовата шема на проектот “Граѓанските организации во служба на локалната демократија” која се спроведува оваа година. 

Своите искуства ги споделија и претставиниците на Конект, Центар за граѓански комуникации и Преда плус. Исто како и АЛДА Скопје, тие имаат заедничка практика да ги менторираат нивните субгрантисти за областа во која делуваат, но и во раководењето на грантови. Сите организации воделе сметка добитниците на грантови да бидат млади организации со мали буџети и рамномерно распределени низ планските региони на земјата.

Print

Name:
Email:
Subject:
Message:
x

Барај

E-информатор

Следете ги новостите во рамките на проектот или претплатете се на е-информаторот и сите информации ќе ги добивате на вашата е-адреса

ФинансирајГО

Истражување за финансиската и нефинансиската поддршка на граѓанските организации од локалните власти
   

 

 

Оваа интернет-страница е направена со финансиска поддршка од Европската унија. Содржината на интернет-страницата во целост е одговорност на партнерите и не секогаш ги одразува погледите и ставовите на Европската унија.

Terms Of UsePrivacy StatementCopyright 2024 by Softage
Back To Top