Локална демократија

Once Upon a Time...

Search
× Search
en-USmk-MKsq-AL
Language


Новости

Започна проектот за Стратегија за лица со инвалидност

  • 9 август 2018
Започна проектот за Стратегија за лица со инвалидност

Здружението на лица со целебрална парализа – Велес одржа Промотивна конференција како дел од активностите на проектот “Стратегија за лица со инвалидност – Лапли” на 26 јули 2018 година во Велес. Целта на проектот е да ги поттикне граѓанските организации кои работат со лица со попреченост да учествуваат во креирање на јавните политики во општините Кавадарци, Градско и Чашка.


За време на промотивната конференција беше претставен проектот пред пошироката јавност и започна процесот на изградба на локалните акциони планови за лицата со попреченост. На коференцијата земаа учество г-дин Митко Јанчев, градоначалник на општина Кавадрци како и г-ѓа Далиборка Златева, координатор на проектот. На настанот присуствуваа повеќе од 40 учесници: лица со инвалидност, претставници на невладини организации, институции, општини, бизнис сектор и медиуми од трите општини.

Проектот “Стратегија за лица со инвалидност – Лапли” е поддржан во рамките на шемата за регрантирање на проектот “Граѓанските организации во служба на локалната демократија”, спроведуван од страна на  АЛДА, Европското движење на Р.Македнија, Здружение на финансиски работници на локалните самоуправи и јавните претпријатија и Локална самоуправа Велес.

Повеќе информации за регрантираните проекти на следната ВРСКА.

Print

Name:
Email:
Subject:
Message:
x

Барај

E-информатор

Следете ги новостите во рамките на проектот или претплатете се на е-информаторот и сите информации ќе ги добивате на вашата е-адреса

ФинансирајГО

Истражување за финансиската и нефинансиската поддршка на граѓанските организации од локалните власти
   

 

 

Оваа интернет-страница е направена со финансиска поддршка од Европската унија. Содржината на интернет-страницата во целост е одговорност на партнерите и не секогаш ги одразува погледите и ставовите на Европската унија.

Terms Of UsePrivacy StatementCopyright 2024 by Softage
Back To Top