Локална демократија

Once Upon a Time...

Search
× Search
en-USmk-MKsq-AL
Language


Новости

Кампања за создавање на позитивни животни практики, навики и вредности

Кампања за создавање на позитивни животни практики, навики и вредности

  • 19 јули 2018
Кампања за создавање на позитивни животни практики, навики и вредности

Во рамките на проектот „Кампања за создавање на позитивни животни практики, здрави навики и вредности!“ каде носител е ЗГ Велес Бајкинг, на почетокот на јуни 30-на деца на возраст од 8-12 години имаа несекојдневно позитивно искуство – возеа велосипед надвор од урбаните средини. Целта на овој проект е преку игра на отворено и практикување на стари игри да се дефокусираат најмладите од современите технолошки уреди (телевизија,компјутери,мобилни и сл) кои се премногу присутни во нивниот живот, како и подигање на свеста и создавање на здрави навики и вредности кај децата и возрасните.

Покрај децата, 30-на млади на возраст од 18-28 години исто така земаа активно учество во овој проект, а дополнително се приклучија и на големиот велосипедски настан „АЗОТ 2018 мтб Предизвик“ кој исто така беше во организација на ЗГ Велес Бајкинг на кој учествуваа преку 300 велосипедисти од цела Македонија.

Проектот „Кампања за создавање на позитивни животни практики,здрави навики и вредности!“ е имплементиран во рамки на проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“ спроведен од АЛДА Скопје, Европско движење Македонија и Здружението на финансиски работници на локалната самоуправа и јавни претпријатија со финансиска поддршка на Европската унија преку ИПА 2 инструментот.

Print

Name:
Email:
Subject:
Message:
x

Барај

E-информатор

Следете ги новостите во рамките на проектот или претплатете се на е-информаторот и сите информации ќе ги добивате на вашата е-адреса

ФинансирајГО

Истражување за финансиската и нефинансиската поддршка на граѓанските организации од локалните власти
   

 

 

Оваа интернет-страница е направена со финансиска поддршка од Европската унија. Содржината на интернет-страницата во целост е одговорност на партнерите и не секогаш ги одразува погледите и ставовите на Европската унија.

Terms Of UsePrivacy StatementCopyright 2024 by Softage
Back To Top