Локална демократија

Once Upon a Time...

Search
× Search
en-USmk-MKsq-AL
Language


Новости

Обука за Алатки за локална демократија и партиципативно буџетирање

  • 27 декември 2019
Обука за Алатки за локална демократија и партиципативно буџетирање

На 23 и 24 декември, 2019 година во Охрид се одржа обуката „Алатки за локална демократија и партиципативно буџетирање” која имаше за цел зајакнување на капацитетите на општините и граѓанските организации, размена на мислења и ставови за улогата на двете страни во практикувањето на локалната демократија, како и интензивирање на меѓусебната соработка. 

Учесниците има можност да се запознаат со законската рамка за консултирање на засегнатите страни, процесот на донесување одлуки и  креирање на јавни политики на локално ниво , кодексот на добри практики за граѓанско учество во процесот на донесување на одлуки на Советот на Европа, како и процесот на буџетирање и партиципативното буџетирање. 

Во текот на обуката предавачите Гордана Несторовска и проф. Мемет Мемети имаа можност низ интерактивна дискусија да ги споделат и дискутираат со учесниците нивните искуства во поглед на учество на граѓанскиот сектор во процесот на донесување на одлуки, креирање на локални политики и учество во процесот на буџетирање, како и да споделат позитивни примери на локално и национално ниво. 

Освен излагањата на предавачите и интерактивните дискусии, застапена беше и работа во групи, на која се работеше на планирање на општинската годишна програма и буџет, а се презентираа и можностите за имплементација на приоритетите. Обуката заврши со дискусија посветена на процесот на усвојување и извршување на општинскиот буџет. 

Обуката „Алатки за локална демократија и партиципативно буџетирање” е организирана во рамките на проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија”, спроведуван од страна на  АЛДА, Европското движење во Република Северна Македонија, Здружение на финансиски работници на локалните самоуправи и јавните претпријатија и Локална самоуправа Велес и финансиски поддржана од Европската Унија.
 

Print
Categories: Новости
Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x

Барај

E-информатор

Следете ги новостите во рамките на проектот или претплатете се на е-информаторот и сите информации ќе ги добивате на вашата е-адреса

ФинансирајГО

Истражување за финансиската и нефинансиската поддршка на граѓанските организации од локалните власти
   

 

 

Оваа интернет-страница е направена со финансиска поддршка од Европската унија. Содржината на интернет-страницата во целост е одговорност на партнерите и не секогаш ги одразува погледите и ставовите на Европската унија.

Terms Of UsePrivacy StatementCopyright 2024 by Softage
Back To Top