Локална демократија

Once Upon a Time...

Search
× Search
en-USmk-MKsq-AL
Language


Новости

Соработката меѓу граѓанскиот сектор и локалната самоуправа клучна за процесот на евроинтеграции

  • 18 ноември 2019
Соработката меѓу граѓанскиот сектор и локалната самоуправа клучна за процесот на евроинтеграции

Европско движење во Република Македонија (ЕДРМ) во соработка со Општина Кавадарци ја организираше панел дискусијаta насловена: ,,Европските интеграции во перспектива на Вардарскиот регион со посебен осврт на Кавадарци”, на 12 Ноември 2019 година во Општина Кавадарци.  

На панел дискусијата присуствуваа 20 учесници, претставници на локални граѓански организации и на локалната самоуправа во Кавадарци. Учесниците имаа можност да бидат дел од дискусија на теми од доменот на евроинтеграциите, реформите кои претстојат во преговарачките поглавја по почетокот на пристапните преговори како и улогата на граѓанското општество и локалните власти во процесот на спроведување на реформите.

По дискусијата за улогата на граѓанското општество и локалните власти, панелистите и учесниците разговараа и за улогата на граѓанинот во процесот на евроинтеграции  и важноста да биде информиран за напредокот. 

Краен заклучок од оваа панел дискусија е дека улогата на граѓанскиот сектор и неговата соработка со локалната самоуправа се клучни во процесот на евроинтеграциите, и потребен е значаен ангажман на граѓанските организации, но и на останатите чинители кои имаат знаења, вештини, но и желба да работат на унапредување на состојбите во општеството. 
 
Панел дискусијата е дел од активностите на проектот „Граѓанските организации во служба на демократијата„ кој партнерски го реализираат Европското движење на Република Македонија (ЕДРМ), Европската асоцијација за локална демократија (АЛДА) - Скопје и Здружението на финансиски работници од локалната самоуправа и јавните претпријатија (ЗФР) – Велес, а е финансиски поддржан од Европската унија преку ИПА програмата за граѓанско општество и медиуми. 
 

Print
Categories: Новости
Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x

Барај

E-информатор

Следете ги новостите во рамките на проектот или претплатете се на е-информаторот и сите информации ќе ги добивате на вашата е-адреса

ФинансирајГО

Истражување за финансиската и нефинансиската поддршка на граѓанските организации од локалните власти
   

 

 

Оваа интернет-страница е направена со финансиска поддршка од Европската унија. Содржината на интернет-страницата во целост е одговорност на партнерите и не секогаш ги одразува погледите и ставовите на Европската унија.

Terms Of UsePrivacy StatementCopyright 2024 by Softage
Back To Top