Локална демократија

Once Upon a Time...

Search
× Search
en-USmk-MKsq-AL
Language

За активностите

Проектот предвидува активности кои обезбедуваат влијание на различни нивоа. Тие вклучуваат активности за градење капацитет, истражувања, меѓународни и локални настани и активности за поддршка на соработка помеѓу граѓанските организации и единиците на локална самоуправа, кои ќе ги спроведат локални граѓански организации.

Активностите се создадени за да поддржат соработка помеѓу граѓанските организации и локалните власти, но и да придонесат кон создавањето на соодветни финансиски можности за мали организации, со што би се зајакнала улогата на граѓанското општество како клучен фактор во процесот на ЕУ-интеграција.

Значаен дел од активностите се фокусирани на изградбата на капацитети со цел да се одговори на потребата за зајакнување на капацитетите на граѓанските организации во Северна Македонија.

Покрај тоа, ќе биде спроведено и истражување за финансиската и нефинансиската поддршка на граѓанските организации од страна на локалните власти, како и за препознавање на позитивни примери за соработка помеѓу локалните власти и граѓанските организации во Северна Македонија, на Балканот и во Европската унија. Ќе следуваат повеќе локални и национални состаноци, консултации, форуми и дебати за промовирање на истражувањето. Ќе биде објавена и публикација со практики и активности за соработка помеѓу овие чинители.

Проектот вклучува и процес на регрантирање кој има цел да ги поддржи малите граѓански организации да создаваат сопствени активности со кои ќе се зајакне соработката помеѓу граѓанските организации и локалните власти.

Сите активности поттикнуваат зголемување на свеста и вмрежување меѓу чинителите со цел да се обезбедат можности за оддржливи промени на постоечките пракси. Згора на тоа, предвидени се и настани за поголема ефективност на овие елементи:

- Почетна конференција;

- Национален форум за споделување добри практики;

- Меѓународна конференција;

- Завршна конференција.

За да се задоволи потребата од зајакнување на капацитетите на граѓанските организации и локалните власти во Северна Македонија, бројни активности ќе бидат фокусирани токму на градењето капацитети. Ќе бидат развиени алатки за едукација и обуки, прилагодени на потребите на целните групи (граѓански организации и локални власти). Ќе бидат организирани циклуси од 4 дводневни обуки наменети за претставници на граѓанските организации и на локалните власти, при што ќе се внимава на нивна рамномерна регионална застапеност. Во секоја од обуките ќе бидат вклучени по 20 претставници од граѓанските организации и по 10 претставници на локалните самоуправи. На тој начин преку обуките ќе бидат опфатени вкупно 80 претставници на граѓански организации и здруженија и 40 претставници на локалната самоуправа.

E-информатор

Следете ги новостите во рамките на проектот или претплатете се на е-информаторот и сите информации ќе ги добивате на вашата е-адреса

ФинансирајГО

Истражување за финансиската и нефинансиската поддршка на граѓанските организации од локалните власти
   

 

 

Оваа интернет-страница е направена со финансиска поддршка од Европската унија. Содржината на интернет-страницата во целост е одговорност на партнерите и не секогаш ги одразува погледите и ставовите на Европската унија.


Terms Of UsePrivacy StatementCopyright 2024 by Softage
Back To Top