Локална демократија

Once Upon a Time...

Search
× Search
en-USmk-MKsq-AL
Language

Успешно завршен проектот Жителите на Шарпланинските села и граѓанските организации во взаемна соработка

  • 1 март 2019
Успешно завршен проектот Жителите на Шарпланинските села и граѓанските организации во взаемна соработка

Планинарскиот клуб “Љуботен” на 25.02.2019 година во Тетово го одржа завршниот настан на проектот “Жителите на Шарпланинските села и граѓанските организации со заедничка соработка за придонес во развојот на планинскиот туризам во руралните средини на Општина Тетово”.

На настанот беше презентирана публикација која што содржи детални анализи за реалните потреби на населението кое живее во планинските села на Шар Планина, како и економскиот бенефит кој може да се отствари од живеењето и делувањето во овие села.

На настанот присуствуваа и дел од жителите на шарпланинските села, и учесниците имаа можност од “прва рака” да слушнат неколку успешни приказни за зачетоците на имплементацијата на проектите, нивниот тек и желбата за повторна соработка на некои слични проекти и во иднина.
 
Како знак на поддршка на оваа и многу други иницијативи кои ќе следат во иднина, во рамки на настанот беше потпишан меморандум за соработка помеѓу Планинарскиот клуб “Љуботен”, Општина Тетово и месните заедници формирани при Шарпланинските села.

Главната цел на проктот е зајакнување на соработката со локалното население и зголемување на влијанието на граѓанските организации и локалната самоуправа во идниот развој на руралниот туризам во планинските села.

Проектот “Жителите на Шарпланинските села и граѓанските организации со заедничка соработка за придонес во развојот на планинскиот туризам во руралните средини на Општина Тетово” е поддржан во рамки на шемата за регрантирање на проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“ спроведуван од страна на АЛДА, Здружението на финансиски работници на локалните самоуправи и јавните претпријатија и Европското движење на Р.Македонија и финансиски поддржан од Европската Унија.

Повеќе информации за регрантираните проекти на следната ВРСКА.

Print

Name:
Email:
Subject:
Message:
x

E-информатор

Следете ги новостите во рамките на проектот или претплатете се на е-информаторот и сите информации ќе ги добивате на вашата е-адреса

ФинансирајГО

Истражување за финансиската и нефинансиската поддршка на граѓанските организации од локалните власти
   

 

This website was created with the financial support of the European Union. The content of the website is a responsibility of the partners and doesn't nessesarily reflects the views of the European Union.

Terms Of UsePrivacy StatementCopyright 2024 by Softage
Back To Top