Локална демократија

Once Upon a Time...

Search
× Search
en-USmk-MKsq-AL
Language

Усвоена стратегијата за локален економски развој на општина Старо Нагоричане

  • 6 февруари 2019
Усвоена стратегијата за локален економски развој на општина Старо Нагоричане

Во јануари 2019 година, на седница на Советот на Општина Старо Нагоричане, беше усвоена стратегијата за локален економски развој на Општина Старо Нагорчане која се однесува на периодот 2019- 20223 година. Усвојувањето на стратегијата произлезе како резултат од спроведените активности во рамки на проектот „Локалната заедница и општината заеднички ја креираат стратегијата за локален економски развој!”.

Стратегијата најпрво беше презентирана од страна на Рурална Коалиција, како партнер во изработката на стратегијата, по што истата беше усвоена со консензус.

Процесот на стратешкото планирање започна во септември 2018 година и најпрво го опфати формирањето на локалната активна платформа, во која учество земаа сите засегнати страни: институциите, граѓаните и месните заедници. Целта на локалната активна платформа беше донесувањето на стратегијата во насока на унапредување на квалитетот на животниот стандард во општината на долгорочен план.

Во продолжение беа организирани три граѓански форуми организирани по методот на т.н. “светско кафуле“ , каде што сите засегнати страни имаа можност да дискутираат, да ги дадат своите идеи и, предлози кои што во сите области ќе може да придонесат за унапредување на животниот стандард на жителите во општината, но и да го подобрат квалитетот на услугите кои што општината им ги дава на граѓаните..

Предлозите и идеите беа преточени во конкретни стратешки цели и активности, при што се дефинираше мисијата и визијата на општината.

Следува период на промоција на стратегијата со цел да се овозможи запознавање на локалното население со нејзината содржина.

Проектот „Локалната заедница и општината заеднички ја креираат стратегијата за локален економски развој!“ е поддржан во рамките на шемата за регрантирање на проектот “Граѓанските организации во служба на локалната демократија”, спроведуван од страна на  АЛДА, Европското движење на Р.Македнија, Здружение на финансиски работници на локалните самоуправи и јавните претпријатија и Локална самоуправа Велес.

Повеќе информации за регрантираните проекти на следнатa ВРСКА.

Print

Name:
Email:
Subject:
Message:
x

E-информатор

Следете ги новостите во рамките на проектот или претплатете се на е-информаторот и сите информации ќе ги добивате на вашата е-адреса

ФинансирајГО

Истражување за финансиската и нефинансиската поддршка на граѓанските организации од локалните власти
   

 

This website was created with the financial support of the European Union. The content of the website is a responsibility of the partners and doesn't nessesarily reflects the views of the European Union.

Terms Of UsePrivacy StatementCopyright 2024 by Softage
Back To Top